Истерувачот на ѕвездите

Кога за тренер го имате Пеп Гвардиола тогаш имињата на ѕвездите не се воопшто важни. Дека кај него е важно играчите да ги исполнуваат задачите покажува и фактот дека се откажа од голем број фудбалери кои биле икони на клубот, а последниот на списокот е голманот Џо Харт.

Гвардиола е безмилосен кога е во прашање симнување на притисокот на своите играчи, а во одредени моменти тоа го прави така што се ослободува од играчите кои важат за лидери во тимот. Така беше почнувајќи од Роналдињо преку Швајнштајгер и сега со Харт, кој беше капитен на Манчестер сити.

Пеп не отстапува од својата замисла и тој го креира на теренот она што го има замислено. Добива голема слобода, па затоа одлучува што е најдобро за екипата.



РОНАЛДИЊО (БАРСЕЛОНА)

* Си замина во 2008 година

Бразилецот беше првата жртва на Гвардиола. Тој беше најдобриот фудбалер во светот во периодот од 2004 до 2006 година и носител на Златната топка. Покрај тоа беше и клучниот фудбалер во освојувањето на титулата на Барса во ЛШ, која беше прва од четирите во последните десет години.

При поставувањето на Гвардиола за тренер на Барселона, формата на Роналдињо веќе беше во надолна линија. Вистината е дека Пеп побара Роналдињо да биде продаден за да ја заштити другите играчи од популарноста на ѕвездата. Роналдињо замина во Милан и никогаш повеќе не успеа да ја достигне формата што ја имаше во Барселона.

ДЕКО (БАРСЕЛОНА)

* Си замина во 2008 година

Репрезентативецот на Португалија со потекло од Бразил е уште еден од играчите кои беа дел од поставувањето на тебелите на блескавата иднина на Барселона. Пред да пристигне на „Ноу Камп“, Каталонците имаа загубено од Селтик, а 12 месеци по пристигнувањето Барса стана шампион на Шпанија по пауза од шест години (сезона 2004/05).

Гвардиола имаше сосема поинаков поглед за средниот ред и сакаше да направи халф линија околу играчите од школата, Чави и Иниеста. Го продаде Деко во истото лето кога си замина и Роналдињо.

САМУЕЛ ЕТО (БАРСЕЛОНА)

* Си замина во 2009 година

Ето беше еден од клучните фудбалери во составот на Барселона под водство на Франк Рајкард. И кон него немаше милост од Гвардиола. Пеп сакаше да го продаде уште во 2008 година заедно со Роналдињо и Деко, но тогаш напаѓачот одби да си замине.

Камерунецот не само што остана туку успеа да постигне и многу важни погодоци вклучувајќи го и мечот од финалето во ЛШ против Манчестер јунајтед, кое беше освоено во деби сезоната на Гвардиола.

Следното лето отиде во Интер како дел од трансферот на Ибрахимовиќ. Истата сезона ја освои ЛШ со Интер, но потоа падна во формата.

ЈАЈА ТУРЕ (БАРСЕЛОНА)

* Си замина во 2010 година

Тој успеа да остане две години кај Пеп. Сепак, полека го губеше местото во првите 11. Гвардиола го виде Серхио Бускетс како подобра варијанта за позицијата на која играше и Туре и тоа беше голема одлука. Африканецот се упати кон Манчестер сити каде што доби одлична плата од шеиците. Во Барса тој играше и како стопер.

Не е тајна и дека имаше турканици меѓу Туре и Гвардиола, а истата ситуација е на пат да се повтори и сега во Англија во Манчестер сити.



ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ (БАРСЕЛОНА)

* Си замина во 2010 година

Барса им одговори на Реал Мадрид со трансферот на Ибра во момент кога тие ги донесоа Роналдо и Кака. Сепак, Ибра и Пеп не успеа да се снајдат заедно. Ниту стилот на игра, ниту карактерот на Швеѓанецот не одговараше за Гвардиола. Тогаш Ибра играше типичен централен напаѓач, а неговото проблематично однесување никако не можеше да влезе во шемите на тренерот на Барса. Тој имаше навикнато да работи со тивки момци како Меси, Чави и Иниеста. Ибра не ја затвораше устата, па иако даде гол во Ел Класико за победа само една година после доаѓањето на „Ноу Камп“ мораше да се врати во Италија, но сега како позајмен играч во Милан.

БАСТИЈАН ШВАЈНШТАЈГЕР (БАЕРН МИНХЕН)

* Си замина во 2015 година

Најголемиот дел од ѕвездите кои си заминаа поради Гвардиола беа во Барселона. Во Баерн тоа се случи само со еден играч, кој беше икона на клубот, Бастијан Швајнштајгер. Се работеше за играч кој беше сметан за наследник на Франц Бекенбауер.

Сепак, Бастијан не одговараше на стилот на Гвардиола и тој претпочиташе во тимот да го има Тијаго Алкантара, кого повредите го спречија за Швајнштајгер да биде пратен во друг тим и порано. После точно 500 меча во Баерн, Швајнштајгер замина во Манчестер јунајтед каде ова лето е во немилост на Мурињо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...