Дон Карло е како тинејџер, пуши тајно

Новиот стратег на Баерн Минхен, Карло Анчелоти, веќе дебитираше на официјален меч и тоа со титула во Супер купот на Германија. Синоќа го имаше своето деби во Бундес лигата, па тој е еден од ретките тренери кои може да се пофалат дека воделе екипа во петте најсилни лиги во Европа. Карло работеше во Италија на почетокот на кариерата, а беше дел од великаните Јувентус и Милан. Потоа работеше во Англија во Челзи. Во Франција го водеше ПСЖ, а во Шпанија тимот на Реал Мадрид. Баерн Минхен е новиот великан во неговата богата биографија.

Иако е кратко време во Баерн со својата работа веќе се издели во однос на своите претходници, а особено во однос на Пеп Гвардиола, па неколку од тие работи се веќе забележани.



НЕМА ЈАС, ТУКУ САМО НИЕ

Како наближуваше средбата од Супер купот против Борусија Дортмунд (победа од 2:0) така Карло стануваше сè поконцентриран. Играчите брзо дознаа дека за него Супер купот на Германија е од големо значење. Првпат пред него се појави дилема за определувањето на составот, но и самиот ги имаше предупредено фудбалерите дека нема да биде лесно.

„Нема да му објаснувам на нивото зошто се нашол на клупата или на трибините. Тимскиот дух е над сè и затоа сакам максимална почит“, кажа Анчелоти.

Ова му донесе негативни поени пред фудбалерите на Баерн, но тоа не му е првпат бидејќи се сефтоса на 12 јули кога се запозна со екипата.

„Јас имам моја претстава за работите, но тоа не значи дека работите мора да се одвиваат точно така. Најважно е да се чувствувате добро“, рече тогаш Анчелоти пред своите нови играчи.

ПУШЕЊЕТО КАКО ПОРОК

„Ги намалив цигарите и тоа многу, а кога се договорив да стапам на должност во Баерн ветив дека ќе се откажам целосно од нив“, откри Анчелоти.

Тоа е многу тешка задача за човек на кого цигарите му беа омилена работа. Затоа често се појавува на мал балкон во клупската база во „Зебенер штрасе“ за да може да испуши некоја цигара.

На играчите им е добро познат неговиот порок така што тоа ги прави работите полесни. Сепак, велат дека токму ова го прави и почовечен и посимпатичен. Истото важи и за неговата страст кон убавото јадење. Веќе има пробано неколку баварски специјалитети од кои е воодушевен.

ДВАПАТИ НЕДЕЛНО НА ЧАС

На прес-конференцијата пред мечот од Супер купот на Германија во последниот ред имаше еден брадест човек. Тоа е верната сенка на Анчелоти, Макс Штегмилер, кој е учителот на Карло по германски јазик. Тренерот на Баерн оди на часови двапати во неделата, а целта е после 2-3 месеци да може да одговара на прашања на германски јазик. Во моментов најчесто тоа го прави на англиски јазик.

„Може да завршиме до ручек, но доколку продолжам да зборувам на германски тогаш ќе треба да продолжиме до вечер“, се пошегува Анчелоти.



НИКОГАШ НЕ ПАНИЧИ

Тој е, веројатно, најцврстиот тренер што постои. При 32 степени во сенка во Северна Каролина на турнејата во САД тој демонстрираше големо спокојство и откако виде дека теренот не е полеан со вода, а ниту тревата не беше искосена.

„Јас ќе си стојам под сенка. Вие момци покажете го најдоброто што можете“, им кажа Карло на фудбалерите.

СЕМЕЈНА РАБОТА

Дека Анчелоти важи за семеен тип покажува и фактот што во Баерн Минхен веќе работат и Мино Фулко, кој му е зет и неговиот син Давиде. Мино е новиот диетолог на тимот, додека Давиде е помошник на кондицискиот тренер. Од друга страна, и неговата сопруга и мајка и се појавуваат на некои прес-конференции.

ПРАВИЛОТО ГЛАСИ: НЕМА ПРАВИЛА

„Не сум полицаец“, вели Италијанецот и тоа му е една од омилените изреки околу темата дисциплина. Единствената желба во таа насока е сите во тимот да се почитуваат и да нема потреба никој да влезе во списокот за казни. Кога некој играч ќе задоцни Карло знае да му прости. Доколку се повторува тогаш тренерот презема мерка и го отстранува од групата.

ТАКТИКА АНТИ-ПЕП

Анчелоти уште нема одлучено која ќе биде неговата омилена формација во Баерн. Дали тоа ќе биде 4-3-3 или 4-4-2? За Супер купот одлучи да игра 4-3-3, а тоа коешто остава впечаток е дека тимот повеќе не врши пресинг на противникот во текот на сите 90 минути. Покрај тоа Италијанецот има моќно дејство и по крило, но не е приврзаник на бесцелно држење на топката.

НЕ ПЛУКА ПО КОЛЕГИ

Колку и да збесне тој никогаш нема кажано лош збор за друг тренер вклучувајќи го и својот претходник во Баерн, Пеп Гвардиола. Двајцата се слушаат по телефон.

„Се слушнавме и му кажав дека се надевам дека ќе се видиме во финалето во Кардиф“, изјави Карло Анчелоти со оглед на тоа што наскоро почнува и новата сезона од групната фаза во ЛШ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...