Италијанскиот фудбалски репрезентативец и досегашен играч на Јувентус, Симоне Заза, премина во премиерлигашот Вест Хем, соопшти денеска англискиот клуб.
Заза во Лондон доаѓа како позајмен фудбалер, но Вест Хем има обврска до крајот на сезоната да плати 25 милиони евра, со можност цената да се зголеми за три милиони во зависност од бонусот.
25-годишниот напаѓач кариерата ја почна во Атланта, а пред Јувентус играше за Сампдорија, Јуве Стабија, Вијареџо, Асколи и Емполи.
Заза е 11-от фудбалер кој ова лето пристигна во Вест Хем. Клубот од Лондон досега потроши околу 70 милиони евра за новите фудбалери.