Инфантино: Не го нарушив етичкиот кодекс

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се наоѓа на оваа позиција од 26 февруари, а веќе се најде и на удар и бешпе обвинет дека го користел авионот на организацијата за приватни цели. Тој објасни дека со семејството извршил лет на авион на негов пријател.

Ова Инфантино го откри за германскиот „Билд“ кој пренесува дека ФИФА почнала истрага за користењето на авионот во лични цели. Тоа се случило во мај после финалето во Лигата на шампионите, кога Инфантино летал од Милано за Рим, а потоа за Женева. Патувањето било од личен карактер, но од организацијата не знале со кои средства ќе се покрихат расходите, дали од ФИФА или од Инфантино.

„Редовно летам со стандардни летови. Во овој случај се работеше само за совпаѓање. Мојот пријател, кој нема ништо заедничко со ФИФА или со фудбалот ми прдложи да патуваме така“, појаснува Инфантино.

После ова откако беше направена проверка, Комисијата за етика во ФИФА ги симнала сите обвинувања на адреса на организацијата. Проверката покажала дека летовите на Инфантино и на семејството не претставуваат интерес за работата на комисијата.

„Независната Комисија за етика внимателно ги истражуваше сите тврдења по ова прашање и целосно ме оправда. Поради почит кон работата на луѓето не го коментирав овој случај и цело време ми беше смешно бидејќи никогаш не сум ги нарушувал етичките норми“.

Тој уште ги нема решено сите работи околу неговата работа во ФИФА.

„Од моето поставување во февруари немам земано ниту еден франк. Мојата плата уште не е одредена. Кога тоа ќе биде одлучено ќе излеземе со официјално соопштение. Дури и канцеларијата ја средив со стар мебел. Ги тргнав луксузните работи на Сеп Блатер со мебел во барок стил“, вели Инфантино.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...