Алкасер потпиша за Барселона

Шпанскиот репрезентативен напаѓач Пако Алкасер е нов играч на Барселона. Тој ги помина лекарските прегледи и официјално е шестото летно засилување на каталонскиот гигант. За овој трансфер, Барселона ќе искешира 30 милиони евра на екипата на Валенсија. Сумата може да биде за пет милиони поголема, во зависност од игрите на напаѓачот.

ПЕТ ГОДИНИ НА „НОУ КАМП“

Алкасер е „дете“ на Валенсија бидејќи таму е од 2005 година, односно од неговата 12-годишна возраст. Во 2010 година дебитираше за „лилјаците“. Одигра вкупно 123 меча и даде 43 погодоци. Една сезона беше како позајмен играч во Гетафе.

Сега се согласи да биде дел од шпанскиот првак во следните пет сезони. Има одиграно и 13 меча и даде шест погодоци. Деби голот го даде во дуелот со Македонија во септември 2014 година.

Играчот сега доби дозвола од селекторот на „Црвената фурија“, Хулиен Лопетеги да доцни на подготовките за националниот тим. Шпанија ги почнува квалификациите за Мундијалот во 2018 година, а е во група со Македонија.

ПОТРОШЕНИ 126 МИЛИОНИ ЕВРА ЛЕТОВО

Освен Алкасер, Барселона летово се засили со Самуел Јумтити, Лука Дин, Андре Гомес, Јаспер Силесен и Денис Суарес. Со тоа Барселона досега вкупно потроши 126 милиони евра за засилувања. Оваа сума може да биде зголемена за дополнителни 31 милиони евра, во зависност од бонусите и настапите на играчите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...