Пандев: Неопходно е заедништво, веруваме во подобри резултати

Со приклучувањето на капитенот Горан Пандев и голманот Столе Димитриевски македонската фудбалска репрезентација во комплетен состав денеска ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар против Албанија.

Најдобриот македонски фудбалер Пандев вели дека заедништвото, оптимизмот и одлучноста може да не водат кон подобри резултати во претстојниот квалификацискиот циклус за СП 2018.

- Со нетрпение го очекуваме почетокот на новиот квалификациски циклус и натпреварот со Албанија. Наша цел ќе биде да го подобриме рејтингот на македонскиот фудбал и мислам дека сме подготвени да го направиме тоа во пресметките кои ни следуваат. Оптимизмот ни е потребен, заедништвото, одлучноста и квалитетот треба да не водат до успех. Групата е тешка, секој натпревар е посебен предизвик, но верувам во играчите и стручниот штаб. Мораме да се обидеме да направиме нешто значајно, вели Пандев.

Сите овие играчи во составот живеат за Македонија и тоа ќе го покажеме на терен. Ќе биде тежок натпревар, се е можно...можеби ќе победиме, можеби ќе загубиме, но ќе се бориме на вистински начин, додаде македонскиот капитен.

Македонија на 5 септември во Скадар ќе и гостува на Албанија во првото коло од Мундијалските квалификации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...