Останува уште Милан да го смени името

По повеќе од тридецениско „владеење“, некогашниот италијански гигант Милан доби нов сопственик. Силвио Берлускони реши да го продаде тимот на кинески милионери, кои треба да го вратат клубот на старите славни патеки. „Росонерите“ во последните неколку години се далеку од врвот не само во Европа, туку и во Италија.

Новите газди решија да направат структурални промени, па донесоа нови луѓе на некои од клучните позиции во клубот. Проблемот настана во тоа што новите луѓе во клубот, претходно работеле во големиот градски ривал Интер. На позицијата спортски директор е назначен Масимо Мирабели, додека одговорен во администрацијата е Марко Фасоне. Овие двајца претходно работеле во Интер, што наиде на негативни реакции кај поранешните ѕвезди на Милан.

Со негодувања се јавија вечниот капитен Паоло Малдини, како и легендите Алесандро Костакурта и Деметрио Албертини. Сите беа зачудени од овие потези на новите газди, бидејќи несвојствено е луѓе кои работеле во градски ривал, сега да бидат главни во Милан. На страна на овие тројца застана и некогашниот освојувач на „Златната топка“, Андриј Шевченко.

„Слушнав дека луѓето кои работеле во Интер, сега се дојдени во Милан и ги имаат главните функции. Што е следното? Можеби сега некој ќе се обиде да го смени и името на клубот. Не знам што друго да кажам. позицијата спортски директор требаше да му припадне на некој како што се Паоло, Били или Демитрио, кои оставиле белег во клубот“, вели популарниот Шева, кој има преку 250 настапи за Милан и над 130 погодоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...