Манчестер Јунајтед најмалку трча

Најтрофејниот англиски тим, Манчестер Јунајтед, сезонава најавуваше борба за титулата во Премиерлигата, но веќе заостанува шест бода зад лидерот Манчестер Сити. „Црвените ѓаволи“ имаат три порази во низа, од кои две се во првенството, а еден во Лигата на шампионите.

Летово клубот потроши повеќе од 150 милиони евра за нови играчи, а на клупата го доведе и Жозе Мурињо. Сепак, ни со овие потези тимот не се врати победнички патеки. Португалскиот тренер за прв пат по 14 и пол години загуби трипати по ред.



Многумина се прашуваат кои се причините што Јунајтед не може да победи, а сега во екипата има ѕвезди како што се Пол Погба, Златан Ихрахимовиќ, Вејн Руни, Марсијал...

НИКОЈ НЕ СЕ БОРИ И НЕ САКА ДА „ОРА“ НА ТЕРЕНОТ

Статистиката ја открива можеби најголемата причина поради која Манчестер губи. Избраниците на Мурињо се покажаа најмрзливи досега во првенството и имаат истрчано најмалку по одиграните пет кола. Ѕвездите некако како да не сакаат да се испотат и да ги заработат милионите кои се платени за нив.

Играчите на Манчестер кои досега се најдоа на теренот вкупно имаат истрчано 526,6 километри, што е убедливо најмалку од сите 20 клуба во Премиер лигата. Тоа е шокантен податок ако се знае за какви ѕвезди се работи, какви подготовки имаа и колку пари добиваат.

ЗА РАЗЛИКА ОД НИВ, ИГРАЧИТЕ НА ЛИВЕРПУЛ „ЛЕТААТ“

Колку за споредба, фудбалерите на Ливерпул се највредни кога се работи за трчањето и борбеноста. Во досегашните пет меча тие имаат вкупно 581,6 километри зад себе, што е точно 55 километри повеќе од тоа што го трчаат ривалите од Јунајтед.



Веднаш зад Ливерпул се играчите на Манчестер Сити. Лидерот кој има максимални 12 бода, има истрчано 570,7 километри досега. Меѓу оние кои најмногу се борат и трчаат на теренот се и екипите на Тотенхем (565,9 км.), Барнли (563,9), ВБА (562,9) и Арсенал (556,4).

Освен играчите на Манчестер кои го имаат приматот на најмрзливи, во конкуренција тука се и екипите на Сандерленд (526,7 км.), Кристал Палас (533,9), Хал (536,3) и Стоук со 536,4 истрчани километри во досегашниот дел од сезоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...