Челзи по продолжение го елиминира Лестер од ЕФЛ купот

Фудбалерите на Челзи по продолжението како гости го победија Лестер со 4:2 во натпревар од третото коло од ЕФЛ купот (Лига куп), откако во регуларниот дел беше 2:2, а Лестер водеше и со 2:0.

Лестер поведе со двата гола на Шињи Оказаки (17 и 34.минута), а до крајот на првиот дел Челзи намали преку Гери Кејхил (45+2). Цезар Азпиликуета изедначи (49) на 2:2, а головите за победа ги постигна Цеск Фабрегас во продолжението (92 и 94). Лестер дуелот го заврши со десет играчи откако Марцин Василевски беше исклучен во 89.минута поради втор жолт картон.



Со овој триумф Челзи избори пласман во осминафиналето.

На другите дуели од оваа рунда одиграни синоќа беа постигнати следниве резултати:

Бурнемут – Престон 2:3 по продолжение,

Брајтон – Ридинг 1:2,

Дерби Каунти – Ливерпул 0:3,

Евертон – Норвич 0:2,

Лидс – Блекбурн 1:0,

Њукасл – Вулверхемпмтон 2:0 и

Нотингем Форест – Арсенал 0:4.

Вечерва ќе биде комплетирана оваа рунда со натпреварите:

Фулам – Бристол,

Нортхемптон – Манчестер Јунајтед,

КПР – Сандерленд,

Саутемптон – Кристал Палас,

Свонси – Манчестер Сити,

Вест Хем – Акрингтон,

Стоук – Хал и

Тотенхем – Гилингам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...