Мурињо го вади Руни од стартниот состав

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, реши да ги преземе првите конкретни потези во обид да ја прекине серијата порази. Најтрофејниот англиски клуб нареди три неуспеси во низа и покажа дека не е на посакуваното ниво. За португалскиот стратег ова е најлоша низа порази, во последните 14 години, па веднаш се вклучи „црвеното светло“.

Мурињо реши да прави промени, а прв, најверојатно, ќе настрада капитенот Вејн Руни. Според најавите, токму Руни е посочен како еден од главните виновници за трите порази во само 10 една.



НАВИВАЧИТЕ ВО ПОДДРШКА ЗА МУРИЊО

Мурињо е незадоволен од формата на Руни. Капитенот минатата сезона беше прекомандуван од напаѓач, во офанзивен играч за врска и едноставно како да го нема никаде. Руни беше незабележителен и во репрезентативниот дрес на Англија на Европското првенство во Франција, но капитенот на „Гордиот албион“ ги одигра сите натпревари.

Дури и навивачите на Манчестер покажаа дека му даваат целосна поддршка на тренерот Мурињо во намерата да го тргне Руни од стартниот состав. Во една анкета, неверојатни 99,08 отсто од гласовите биле за тоа дека капитенот треба да биде ставен на клупата за резерви.

ГО ЧЕКА СУДБИНАТА НА КАСИЛЈАС?

Мурињо веќе има искуство со тоа како да испрати капитен да биде на клупата за резерви. Португалецот беше клучниот човек за заминувањето на легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас, од „Сантијаго Бернабе“.

Касилјас една и пол деценија беше незаменлив на голот на „Кралскиот клуб“, но кога дојде Мурињо ситуацијата се смени. Тренерот реши дека чуварот на мрежата не е во добра форма и дека треба да го седне на клупата за резерви. Овој потег на Мурињо наиде на различни реакции, но Португалецот остана категоричен дека времето на Касилјас во Реал е завршено.

На крајот битката меѓу капитенот на Реал и тренерот заврши со победа на Мурињо.



Сега може да се случи слична ситуација и во Манчестер. Руни, најверојатно, нема да биде во составот на денешниот дуел против Нортхемптон во Лига купот на Англија, но многу поверојатно е дека ќе отсуствува и на следните неколку средби во Премиер лигата.

Во досегашниот дел од сезоната Руни одигра шест меча и даде само еден гол, а нема ниту една асистенција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...