Конте: Челзи е страшен тим, но само на хартија

Челзи не успеа да ја продолжи серијата победи против Арсенал во Премиер лигата. Тимот предводен од Антонио Конте доживеа нокдаун на Емирати, дома си замина со три парчиња во мрежата. Конте го изгуби првото лондонско дерби и нанижа три натпревари по ред без победа во шампионатот, а неговиот колега Арсен Венгер на фантастичен начин ја одбележа 20-годишнината на чело на Арсенал.

„Топчиите“ поведоа по грешката на Гери Кејхил, која ја искористи Алексис Санчез и го совлада голманот на Челзи. Само три минути подоцна Ивоби на десната страна го пронајде Белерин, а овој му асистираше на Волкот за 2:0. Во финишот на првиот дел, по една контра Санчез го пронајде Озил во нападот, а Германецот го совлада немоќниот Куртоа. А и во второто полувреме Челзи не беше ништо подобар од противникот, но барем не примија уште некој гол за поубедлив пораз. Конте по натпреварот ја долови реалната слика во Челзи по трите натпревари без победа во Премиер лигата.

„Од првата минута немавме став, а игравме против добар тим, организиран и во тактички и во физичка смисла. По овој пораз, знаеме дека мораме многу да работиме. Ние сме сега страшен тим, но само на хартија. А секој проблем на тимот влијае и врз перформансите на секој играч посебно. Кога ништо не е в ред, на играчот му е многу тешко да одигра добар натпревар“, изјави Конте, чиј тим сега заостанува осум бодови зад првопласираниот Манчестер сити.

„Манчестер сити многу добро ја почна сезоната. Играат фуриозно и заслужено се на чело на табелата. Меѓутоа, важно е да си го гледаме нашиот двор, а не другите“, додаде Италијанецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...