По триумфот над Кристијанштад на стартот на ЛШ, Вардар продолжува во дуелите во СЕХА-лига каде доминира.
Нема одмор за Вардар. По победата над Кристијанштад на отворањето на новата сезона во ЛШ, македонскиот тим веќе во среда го чека дуелот со Горење во рамките на СЕХА-лигата.
"Го победивме Горење два пати во подготовките но сега треба да играме официјален натпревар. Сакам да играм против Горење зошто таму играат Алем Тоскиќ и Матјаж Брумен. Во СЕХА лигата тргнавме добро. Во Лигата на шампионите не тргнавме добро но победивме. Кога ќе играш во Лигата на шампионите на гостински терен. Имаме голем број на играчи и сите се спремни. Ние сме Вардар и мораме да бидеме подготвени. Играчите се подготвени" изјави Раул Гонзалез.