Селекторот на „Гордиот Албион“ фатен во корупциски скандал

Селекторот на Англија, Сем Алардајс, може да се прости од селекторската функција по само два месеци откако беше уловен во корупциски скандал и поради тоа се најде под истрага на Фудбалската асоцијација. Големиот Сем се најде во неволја откако беше разоткриен од новинари на британскиот весник „Дејли Телеграф“. А претседателот на ФА Грег Кларк и извршниот директор Мартин Глен изненадени од видеоматеријалот што го добија веднаш го повикаа Сем да даде своја изјава околу случајот. Алардајс пред два месеци потпиша договор со ФА за селекторската функција на Англија вреден три милиони фунти годишно плус бонуси.



СЕ „ПРОДАДЕ“ ЗА 400,000 ФУНТИ

Новинари-соработници на „Телеграф“, преправени како бизнисмени од Блискиот Исток, разговарале со тренерот на различни теми, а ставовите кои Сем Алардајс ги изнел во разговорот доведоа до покренување истрага од страна на ФА.

Алардајс се согласил да ги употреби своите врски за да им помогне на „бизнисмените“ да добиваат процент од трансферните зделки на англиските клубови, поточно да им даде совети како да ги заобиколат правилата на Фудбалската асоцијација според кои трети страни немаат право да држат трансферни права на фудбалери. А за услугата побарал 400,000 фунти.

Правилата важат од 2008 година, а „Големиот Сем“ објаснува дека познава агенти кои постојано ги заобиколуваат и дава инструкции како измамата може да успее.

„Сеуште можат да се заобиколат тие правила на ФА. Мислам дека големите пари се во игра во таа шема. Единствено што е потребно е вашата компанија да ги поседува правата на фудбалскиот агент кој го застапува играчот. Ако тој играч направи трансфер, агентот зема хонорар. Тогаш вашата компанија, која е во договор со агентот, добива процент од тој хонорар. Имајќи ги предвид димензиите на договорите во фудбалот во моментов, дури и 5 отсто од целата зделка вреди милиони“, вели селекторот во видеото кое скришум го снимаат лажните бизнисмени.



НАВРЕДИ КОН ХОЏСОН И НЕВИЛ

А тие зборови ги засенија и навредливите зборови кои Сем ги упати кон својот претходник Рој Хоџсон и кон асистентот Гери Невил, неговиот ефект на Европското првенство во Франција, како и „глупавата“ одлука на ФА да го реновира стадионот Вембли за 870 милиони фунти.

А Сем досега ја предводеше Англија на само еден меч во победата со 1:0 против Словачка во квалификациите за Светското првенство во Русија. А в недела треба да го објави списокот за претстојните квалификациски мечеви против Малта и Словенија. Меѓутоа, овој скандал може да значи и негов крај на клупата на Англија.

Англичаните се сеќаваат на Глен Ходл и неговите коментари за луѓето со посебни потреби во 1999 година кои го доведоа го губење на селекторската функција.



НЕ Е ПРВПАТ ДА ПАЃА ВО ЗАМКА

Ова не е првпат Алардајс да се најде во замка сместена од новинарите. Во 2006 година во емисија на Би-би-си беше обвинет за сомнителни трансфери на фудбалери во Болтон и примање на мито од агенти преку неговиот син за реализација на истите. Алардајс ги негираше тие обвинувања, а беше ослободен од истрагата поради немање докази.

Во 2013 година повторно се најде во центарот на скандал откако лажна филмска компанија била фатена во даночни измами. Тој се бранеше дека бил само инвеститор, а не и архитект на шемата и не знаел за нивното криминално делување. Еден месец подоцна еден весник открива дека Сем бил претставник на коцкарница чиј шеф претходно ја донел компанијата во ликвидација која придонела инвеститорите да загубат четири милиони фунти. Тој се раздели со компанијата, велејќи дека ништо не знаел за нејзината „матна“ историја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...