Дуелот на „вечните“ се враќа на сцена

По една година пауза големото македонско дерби се враќа на прволигашката „сцена“. И тоа не можеше да биде подобро, со оглед дека оваа сезона двата тима најавуваат битка за врвот.

Оваа Прва лига заслужува не само силен Вардар туку силен и битолски тим поради нивното ривалство, историја и други работи коишто го „следат“ ова дерби кое одамна го има епитетот „македонско“.

Единствен минус од ова дерби е тоа што се игра на стадионот „Борис Трајковски“, на неутрален терен.

„Ќе мораме да играме подобро од минатите два меча. Ќе биде уште еден тежок меч за нас со противник којшто сезонава има намера да се бори за горниот дел на табелата. Јас се надевам дека денеска ќе бидеме подобри“, најавува голманот на првакот Филип Гачевски.

Пелистер знаат што ги чека на гостувањето во Скопје. И покрај тоа што дуелот се игра на „Борис Трајковски“, битолчани се свесни дека дуелот со Вардар, кој е актуелен првак и моментален лидер на табелата, ќе биде мотив повеќе за добар резултат со оглед дека Пелистер неколкупати покажа дека може да се носи со секој противник.

„Искрено пред нас е многу тежок предизвик. Играме со најдобрата екипа во Македонија. Секогаш овие два меча се тешки. Жалам што не се игра на ’Филип Втори’. Ние ќе треба да дадеме 200%, и ќе сториме сè да заминеме без пораз. Вардар е фаворит, но не секогаш фаворитите победуваат“, изјави Христијан Тошевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...