Интер се посрамоти во Прага

Многу киксови во одбраната, слаба концентрација и безидејна игра беа причините за нов пораз на Интер во Лигата на Европа, втор по оној дебакл во првото коло против Хапоел Бер Шева на Џузепе Меаца. Синоќа во Прага „нероаѕурите“ беа жртва на Спарта во меч во кој ништо не им одеше, па да победеа ќе беше незаслужено.

А Спарта стартуваше фантастично под раководство на новиот тренер Давид Холубек. И без Росицки, Ваха, Захустел и Шурал во тимот „Челичната Спарта“ успеа да го тресне фаворитот, моќниот Интер пред своите навивачи.

Голеадата започна по грешката на Ранокија и Мело. Нивното двоумење кој да тргне да ја избие топката од казнениот простор го искористи Вацлав Кадлец кој со прецизен удар го совлада Хандановиќ. Тоа беше седмипат во осум официјални мечеви оваа сезона на кои Интер прв прима гол.

А и вториот погодок падна по невнимание на одбранбените играчи во сино-црно. Домашните изведоа слободен удар и додека дефанзивците гледаа дали судијата ќе покаже офсајд, Кадлец вторпат го совлада словенечкиот голман.

Родриго Паласио постигна гол за Интер кој не значеше и будење на италијанскиот тим. Напротив, Ранокија направи прекршок за исклучување (втор жолт картон), а Чесите изведоа слободен удар по кој Марио Холек со глава ја затресе мрежата за конечни 3:1 и прва победа за Спарта во новата сезона на Лигата на Европа. Освен тоа Спарта е непоразена на шест натпревари на домашен терен против италијански екипи (три победи и три ремија). Интер е во низа од четири порази во Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...