Британски пратеници бараат јавна истрага за корупцијата во англискиот фудбал

Пратеници од британскиот Парламент побараа од Владата да покрена јавна истрага за корупцијата во англискиот фудбал, откако беше откриен скандалот со слекторот Сем Алардајс, кој морашше да поднесе оставка по само 67 дена на функцијата.

Пратениците бараат да се повикаат на сослушување во Комисијата за култура, медиуми и спорт, членовите од раководството на англиската Фудбалска асоцијација (ФА), за да се утврди нивниот дел од вината, а посебно за да се дознае дали тие знаеле за она што се случува во домашниот фудбал.

Аферата беше обелоденета кога новинари на „Дејли Телеграф“ преправени во бизнисмени од Далечниот Исток со скриена камера го снимиле нивниот разговор со Алардајс, во кој тој вели дека „не е никаков проблем да се изиграат прописите на ФА околу трансферот на играчи“ и прифаќа за надомест од 400 илјади фунти да претставува измислена азиска компанија која се занимава со ваков бизнис.

Селекторот, кој ја водеше репрезентацијата само на еден натпревар, со својата постапка откри разгранета корупција при трансферот играчи во која тренерите и менаџерите на клубовите земаат поткуп и провизија.

Весникот тврди дека покрај Алардајс, кој на тајно снимениот материјал се фали дека знае за фудбалски агенти кои редовно ги изигруваат прописите, има осум други тренери од Премиер лигата и од Чемпионшиот на Англија. кои земаат процент од трансферите.

„Дејли Телеграф“ сега посочува дека еден од нив е заменик тренерот на „Саутхемптон“. Ерик Блек.

Сем Алардајс се пожали дека бил „грубо наместен“ од новинарите.

Весникот, иако признава дека „алчниот за пари“ селектор е жртва на „местенка“, нагласува дека постапката на новинарите-истражувачи е исправна и дека така треба да работат сите весници за да се изградат во истражувачки и вистински слободни медиуми.

Осрамотениот и понижен фудбалски експерт за „Дејли Стар“ изјави дека една година ќе отсуствува од фудбалот и за тоа време ќе напише книга, за која тврди дека ќе предизвика „експлозија“ со сознанијата што ќе и ги открие на јавноста.

Лондонската полиција денеска соопшти дека одново ќе ги разгледа сите наоди на „Дејли Телеграф“. околу корупцијата во англискиот фудбал, вклучувајќи ги и сознанијата за осумтемина тренери и менаџери кои беа посочени како корумпирани од весникот и неговите новинари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...