И Гигс, Мојс и Реднап биле корумпирани

Англискиот фудбал може да го загуби својот сјај поради алчноста на некои луѓе. Корупцискиот скандал на Островот добива сè поголеми димензии.

Откако новинари открија дека Сем Алардајс побарал 400.000 поткуп, за да помогне во работи кои се забранети од англиската федерација, сега се повеќе фудбалски имиња се наоѓаат на листата. Поради скандалот, Алардајс по само 67 дена на селекторското место доби отказ.

МНОГУ ДОКАЖАНИ ИМИЊА СЕГА СЕ „ЗАЦРНЕТИ“

Новинарите најавија дека листата на корумпирани тренери е многу поголема и од ден на ден само го зголемуваат списокот. Втор на листата беше Џими Флојд Хаселбенк, а сега се додадоа и Рајан Гигс, Дејвид Мојс и Хари Реднап. Сите овие тројца се докажани и почитувани фудбалски имиња, но сега се дел од листата на срамот.

Играчката легенда на Манчестер Јунајтед Гигс беше помошник тренер на „црвените ѓаволи“, додека Мојс беше на чело на тимот од „Олд Трафорд“. Реднап во кариерата ги водеше екипите Борнемут, Вест Хем, Портсмут, Саутемптон, Тотенхем и Квинс Парк Ренџерс.

Од Фудбалската федерација на Англија најавија детална истрага за целиот случај кој мора да биде расчистен и да се врати стариот сјај на фудбалот во Англија. Челниците на федерацијата бараат материјални докази за да се потврди вината кај сите кои се спомнати во скандалот.

АЛАРДАЈС СО ПОРАКА ДО РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ

Разрешениот селектор Алардајс им испрати порака до репрезентативците на Англија кои само овој месец ја почнаа битката за пласман на Светското првенство во Русија. Алардајс само еден меч беше предводник на „Гордиот Албион“ и победи. Сепак, поради нефудбалски скандал мораше да си замине. Сега репрезентацијата со привремен селектор ќе ги игра двата меча во октомврискиот циклус, против Словенија и Малта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...