Ноќта кога Пандев стана крал

Тоа октомвриско утро на 3 октомври 2007 година Рим, како и секогаш, беше „лудница“ од народ, но токму тогаш нешто посебно се случуваше во главниот италијански град. Во престолнината на Италија гостуваше Реал Мадрид во рамките од групната фаза од Лигата на шампионите, на тимот на Лацио, за кој играше нашиот Горан Пандев. И никој не можеше да претпостави потоа што ќе се случува, дека ноќта секој Македонец ќе се гордее со нашиот најдобар фудбалер.



Реал Мадрид како и секогаш силен. Со Касиљас на голот, со Рамос во одбраната, со Канаваро, тогашниот најдобар фудбалер на светот, светски првак... Со Робен и Снајдер во средината, со Ван Нистелрој и Раул во нападот. Лацио, пак, со Балота, Заури, Крибари, Маури, Ледезма, Роки, Мудингаји, Коларов на клупата и ГОРАН ПАНДЕВ. Атмосфера на трибините на „Олимпико“ фантастична. Сите услови за една одлична римска вечер која ќе ја одбележи македонската „ѕвезда“.

Осма минута, 0:1. Ван Нистелрој. Нафрли неговиот сонародник Снајдер, и Нистелрој од пет метри стрелаше во мрежата. Рим занеме, но „Олимпико“ никогаш не се откажа од нивните миленици. Лацио напаѓаше жестоко, а потоа Горан Пандев го воодушеви стадионот. Доби топка од Роки со глава, и со волеј ја смести топката во горниот десен агол. Касиљас остана „здрвен“, бара офсајд, но радоста на Пандев е неизмерна во таа 32. минута. Меѓутоа, во 61. минута одново Ван Нистелрој носи предност на Реал, и повторно Лацио беше во негатива. Не за долго затоа што Пандев повторно стапи на сцена за уште едно „тресење“ на Рим. Во 75. минута Мудингаји одзема една топка која стигна до Пандев, кој не се мислеше многу и ја смести топката во долниот лев агол за нова радост на Рим. На крајот Лацио освои бод на крилјата на Горан Пандев, а потоа сè е историја.

ПОТОА ГИ ТРЕСЕШЕ И НА РЕВАНШОТ

Но, не беа тоа единствените два гола против Реал Мадрид на Пандев. Горан го „тресеше“ Касиљас и на реваншот на „Сантијаго Бернабе“, на стадионот каде што подоцна ќе се радува и на неговиот најголем успех во кариерата - титулата во Лигата на шампионите. Меѓутоа, за жал, пораз од 3:1 и елиминација на Лацио од Лигата на шампионите, но тие два меча ќе останат во историјата на „Лацијалите“, а Пандев има свое место и покрај тоа што „раскина“ со римскиот клуб на многу лош начин, односно со тужба за „мобинг“ од страна на Кладуио Лотито, по што без отштета замина во Интер.

ОД ТАМУ СЕ ОТВОРИ ПАТОТ



Добрите партии во дресот на Лацио, меѓу кои и овие два меча со Реал Мадрид беа доволна препорака за интересот од големите клубови. Како што е познато, подоцна Горан Пандев ќе отиде во Интер, но со тие два гола во Рим се најде на сите насловни страници како римски „крал“ кој го решил големиот Реал Мадрид и кој може да биде главен адут за успех на „небесносините“, меѓутоа најголемиот успех Пандев ќе го направи со друг клуб.

ГО СРЕДИ И ОЛИМПИЈАКОС

Во истата сезона Лацио ќе биде во група и со Олимпијакос, со грчкиот тим. И по Панчев кога го реши Панатинаикос, македонската радост среде Атина ја заокружи и Горан со погодокот против претставникот од Грција на домашен терен, но, за жал, само за пораз кој ја означи елиминацијата на римскиот тим од нокаут фазата од Лигата на шампионите. Инаку, својот дебитантски гол во ЛШ, Пандев го даде против Динамо Букурешт во Букурешт кога Лацио славеше 1:3 со што ќе го означи пласманот на Лацио во Лигата на шампионите.

ПОДОЦНА ЌЕ ГО ОСВОИ И ТРОФЕЈОТ

Пандев ги даде двата гола со Реал, а потоа сè беше историја. Ќе потпише за Интер и потоа ќе дојде до исполнување на најголемиот сон - до трофејот во Лигата на шампионите. Во финалето со Баерн ќе игра во првиот состав на тимот од Милано кој ќе го совлада минхенскиот тим со 2:0 и ќе дојде до трофејот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, онаму каде што Пандев го „тресеше“ кралскиот тим. Имаше шанси и во финалето да постигне гол, но не и среќа затоа што неговиот удар во аголот на голот го одбрани тогашниот чувар на мрежата на „Баварците“ Ханс Јорг Бут. Меѓутоа, на крилата на Диего Милито, Горан Пандев таа мајска вечер во 2010 година ќе дојде до посакуваниот трофеј за кого сонуваат многумина, и за кои некои големи фудбалери го немаат освоено како бразилскиот Роналдо, Фабио Канаваро, Златан Ибрахимовиќ...

ОД ГОРАН „ПЛАЧЕШЕ“ И ГОЛЕМИОТ БАЕРН

И не само во финалето во Лигата на шампионите, во сезоната 2010/2011 во четвртфиналето ќе играат Интер и Баерн Минхен. И кога се чинеше дека „Баварците“ имаат одмазда в џеб, на „Алијанц арена“ во Минхен Горан Пандев ќе ги „закопа“ нивните надежи и ќе ги елиминира големите „Баварци“ на патот кон ново финале. Пандев го „расплака“ Минхен со неговиот погодок и го елиминираше германскиот најтрофеен клуб од надежта дека може да дојде до одмазда и тоа веднаш во следната сезона.

Таа октомвриска ноќ кога го ставаше на колена големиот Реал Мадрид вечно ќе биде во сеќавањата на секој македонски љубител на фудбалот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...