Се наближува рокот за продажба на Брегалница

Од локалната самоуправа во Штип, до денеска тројца заинтерсирани купувачи на ФК Брегалница ги подигнале документите за да учестуваат во јавниот повик..Извршниот директор на А.Д Брегалница, Лазе Петковски дообјаснува.

„Се работи само за подигнати документи, но дали сите ќе учествуваат во јавното надавање времето ќе покаже. Сите треба да достават понуди. Јавно досега само Турска компанија најави дека ќе учествува на јавниот повик за продажба на Брегалница. Турската компанија, по завршувањето на јавниот повик и доколку даде најповолни услови и го купи клубот, ќе мора да регистрира своја компанија во Македонија.На јавното надавање можат да учествуваат правни и физички лица, со таа разлика што правните лица мора да понудат износ од 300 илјади евра годишно, а физичките лица гаранција од 3 милиони евра. Ова е само прва фаза од продажбата на Брегалница, во втората ќе мора купувачот да бара брокерска фирма која и дефинитивно ќе ја изврши продажбата...“- вели Лазе Петковски.

Јавниот повик е отворен до 21 октомври, петок. Според Лазе Петковски, понудите ќе бидат отворени во текот на идната недела, а не како што се најавуваше на 21 октомври, кога завршуваше јавниот повик.

„Не е можно истиот ден да се отворат понудите, бидејќи по пошта може да стигне и друга . Турската фирма најави дека во петок ќе ја достави понудата...“- изјави Лазе Петковски, кој е задолжен за продажбата на ФК Брегалница.

ЈЕСИЛОВА ЧЕКА ОДГОВОР, НО И РАБОТИ!

Тренерот на Брегалница Јуксел Јесилова го кажа своето барање по средбата со Ренова во Тетово. Бара од спонзорот од Турција да обезбеди друг тренер на негово место. Од тоа барање, барем засега,Јуксел не отстапува.

„Чекам одговор од Турција. Дотогаш ќе работам професионално во Брегалница...“- ни рече Јесилова.

Брегалница вчера имаше еден тренинг, кој го водеа соработниците на Јесилова. Тренерот на Брегалница Јесилова не остава ништо на случајноста- вчера во Тетово да ја следеше средбата од Купот меѓу Ренова и Пелистер, неделниот противник на Брегалница. Пред тргнувањето во Тетово, Јесилова не информира дека атмосферата во клубот е добра, иако на мала настинка се жали капитенот Горан Здравков.

„Со првата екипа работат и двајца фудбалери, кои се можеби иднината на фудбалот во Македонија. Тоа се Иван Николов, кој има 14 години и е капитен на македонската репрезентација на оваа возраст, како и 17 годишниот Бојан Миовски, кои се многу талентирани. Со нив работи уште еден млад фудбалер, односно голман, Мартин Давков. Со редовните тренинзи почнаа и повредените голманот Кобетиќ и Лескаровски...“- додава Јесилова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...