Мурињо се враќа на местото на злосторот

Жозе Мурињо во недела се враќа на местото на кое навивачите го сакаат убедливо најмногу, а тоа е Стенфорд Бриџ. Таму со Манчестер јунајтед ќе се обиде да ги сруши „сините“ (17 часот) првпат после полни пет години. Антонио Конте и Специјалниот досега само еднаш ги одмерија силите, а тоа беше уште во 2009 година во Серија А, кога Мурињо го водеше Интер, а Италијанецот седеше на клупата на Аталанта. Тој дуел заврши со нерешени 1:1.

Челзи е во добра форма и врза победа над Хал сити и над шампионот Лестер, а на овие дуели беа постигнати пет погодоци и не беше примен ниту еден. Јунајтед е без пораз на три натпревари во серија во Премиер лигата, со тоа што има и реми со Стоук (1:1) и Ливерпул (0:0).

Предноста на гостите е во тоа што Мурињо добро го познава тимот на Челзи бидејќи речиси сите тие фудбалери токму тој ги селектираше додека беше менаџер на клубот. Сепак, ќе има проблем со мајсторот за тактика каков што е Конте, кој често умее да извлече максимум од тимот во скојата препознатлива 3-4-3 формација.

Иако капитенот Џон Тери успеа да заздрави од повредата тешко дека ќе се најде меѓу стартерите бидејќи таму се тројцата кои цврсто ги чуваат своите позиции - Давид Луиз, Кехил и Аспиликуета и тоа се гледа по резултатите бидејќи немаат примено гол. Нема место ниту за искусниот репрезентативец на Србија, Бранислав Ивановиќ, кој исто така ќе биде на клупата додека Немања Матиќ сигурно ќе биде во тандем со Канте на средината од теренот. Најголемиот адут на „сините“ ќе биде сигурно Диего Коста кој е водечки стрелец во Премиер лигата со седум голови, а тој ќе се обиде да го зголеми своето салдо со помош на одличниот Азар, кој се разигра токму со заминувањето на Мурињо од Стемфорд.

Кога станува збор за Јунајтед, фактот што овој тим заостанува пет бода зад лидерот Манчестер сити веројатно го запали црвеното светло на Олд Трафорд. Мурињо потроши премногу пари ова лето на погба и другите ѕвезди за лесно да ги губи бодовите, па ако свесно одеше на бод против солидниот Ливерпул каде што го „уби“ фудбалот во понеделникот навечер, овој викенд тоа не смее да биде случај бидејќи нов кикс ќе ги смали шансите за титулата. Се очекува Португалецот да изведе идентичен тим како на Енфилд. Притоа се очекува Златан да биде во нападот со Јанг и Рашфорд по крилата, додека Руни повторно го чека клупата. Надвор од тимот поради повреда се Џонс, Марсијал, Мхитаријан и Шнајдерлин додека кај „сините“ недостигаат Фабрегас и Џон Оби Микел.

Манчестер јунајтед го нема добиено Челзи од октомври во 2012 година, а последниот триумф се случи на Стемфорд каде што беше 3:2. Оттогаш на десет средби има четири победи на „сините“ и шест реми, а кога и двата тима играат тврдо не очекува рововска борба. Затоа пробајте комбинација 1X&0-3 која е некако по мерка, а и квотата е сосема добра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...