Македонскиот голгетер ќе биде во комбинација за викенд натпреварот со Рома
Повреда на коленото за Илија Несторовски. Меѓутоа после паузата од само еден ден, веќе денеска се приклучува на тренинзите, и утре конкурира за настап против Рома.
„Точно е дека имав болки во коленото, но не е ништо страшно. Еден тренинг тренирав одвоено, од денеска се враќам во екипата, и во недела конкурирам за настап“, најави Несторовски од Италија кој се подготвува за мечот против „волчицата“.