Финалето на ЛШ да се игра надвор од Европа

Новиот претседател на европската фудбалска федерација, Александар Чеферин, продолжува со револуционерните идеи

Првиот човек на УЕФА има уште идеи за тоа како да се променат некои работи во Лигата на шампионите. Словенецот предложи да има наддавање на одредени стадиони, за тоа кој би бил домаќин на финалето во елитното европско натпреварување.

УЕФА на состанок решава кој стадион ќе биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите, а сега е можно тоа да се промени. Идејата е да се пријават неколку кандидати за домаќини и потоа со јавна лицитација да се одреди каде ќе се игра дуелот и борбата за големиот сребрен трофеј.

ПОДАЛЕКУ Е ОД АЗЕРБЕЈЏАН ДА СЕ СТИГНЕ ДО ПОРТУГАЛИЈА

На тој начин се создава шанса, финалето во ЛШ за првпат да се игра дури и надвор од Европа. Чеферин како прва опција го посочи Њујорк.

„Тоа е идеја која треба да се разгледа и за која треба да се дискутира. На пример кога патуваш од Азербејџан до Португалија е подалеку отколку да отидеш до Њујорк. Процесот за наддавање треба да биде целосно јасен. Не смее од финалето во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа некој да има политичка полза“, објасни Чеферин.
ПОЛУФИНАЛИЊАТА ДА СЕ ИГРААТ ВО САБОТА

Освен идејата за финалето во ЛШ да се игра надвор од Европа, претседателот на УЕФА вели дека и времето на почнувањето на средбите мора да биде поприлагодено и за фановите кои се од Кина, но и од САД.

Постои опција и полуфиналните дуели да се играат во сабота, како што сега е со финалето. УЕФА од 2010 година реши финалето да се игра во сабота, а не како што претходно беше стандардно во среда. Се верува дека кога мечевите се во викенд, има поголем ефект кај фамилијарните луѓе, кои имаат поголема можност и да бидат дел во живо на стадионите.

Дел од промените кои ги најави УЕФА донесоа голем револт кај многу федерации. Според договорот, во групната фаза од Лигата на шампионите ќе има сигурни 16 учесници и тоа по четири од Англија, Германија, Италија и Шпанија. На тој начин, најмоќните земји ќе сочинуваат половина од екипите кои ќе се борат за трофејот. Против оваа идеја застанаа поголем број на клубови од останатите земји. Тие дури најавија и формирање регионални лиги бидејќи не сакаат целосна доминација на само неколку земји во Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...