Само Захов ли е проблемот?

Од херој до предавник. Тоа е патот на Костадин Захов, голманот на Шкендија, за само 3-4 месеци.

Штета, навистина штета за него, за клубот, но и за навивачите кои го сметаат за директен виновник за поразот на тетовските „црвено-црни“ во неделното дерби со Вардар. Јасно е дека секој пораз боли, особено болат поразите од лутиот ривал, но не смеат некои работи така лесно и така брзо да се забораваат па макар и од најверните фанови на Шкендија.

И затоа сега клубот е на потег. Шкендија треба да биде голема во поразот, познато е дека сите во клубот силно ја посакуваа победата, но сега Шкендија треба да биде голема, треба да се однесува како голем европски клуб и да го заштити својот голман Костадин Захов. Тие што беа на стадионот во Тетово во недела многу добро слушнаа како и што „балистите“ извикуваа против него. Што се пишува по социјалните мрежи за него, демек бил предавник, демек не бил квалитет за Шкендија, дека знаел само киксови да прави и слични работи. Некои, пак, отворено од раководството на клубот бараат дури и да го раскине договорот со Захов.

ИМ ДОНЕСЕ 1.000.000 ЕВРА

Па добро имаат ли барем грам памет тие луѓе што ги бараат сите овие небулози. И затоа велиме дека раководството на Шкендија треба јавно, јасно и гласно да го одбрани својот голман, својот херој од летниот период.

Се сеќаваат ли тие фанови, но и сите оние кои го сметаат Захов за предавник на средбите со Краковија, Нефчи, Млада Болеслав па и Гент?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...