Играчите на Барса се симуланти

Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација ги нарече фудбалерите на Барселона симуланти и провокатори поради инцидентот во финишот на мечот против Валенсија пред неколку дена. За време на радоста по победничкиот гол на „Каталонците“ од трибините полета пластично шише кое го погоди Нејмар во главата, а сите се фатија за главите.

„Тоа повеќе личеше на куглање. Фудбалерите паднаа како кегли. Не видовме само ние што се случи туку и милион деца. Ќе ми биде срам, ако детето виде како симулирам. Не ми се допадна и како Меси отиде да празнува пред фановите на Валенсија“, изјави претседателот на ФС на Шпанија, Хавиер Тебас кој да не заборавиме дека е фан на Реал Мадрид.

Дисциплинската комисија излезе со порака дека „симулациите треба да бидат искоренети од фудбалот“.

„Не го оправдуваме однесувањето на неколку навивачи со цел да направат проблеми, треба да се обрне внимание и на гестовите на играчите на Барселона по погодокот. Некои од нив симулираа повреди. Тоа не треба да се случува на спортските арени“, соопштија од ФФ.

Инаку Валенсија доби казна од 1500 евра и предупредување во следен таков инцидент ќе игра пред празни трибини. А навивачот кој го погоди Нејмар е уапсен и ќе си добие соодветна казна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...