Алвеш паузира три-четири месеци

Актуелниот италијански првак Јувентус загуби на гостувањето кај Џенова со 3:1, а покрај поразот ги снајде уште една несреќа. Дефанзивецот на „Старата дама“, Дани Алвеш, заработи тешка повреда и на носилки беше изнесен од теренот на стадионот „Луиџи Ферарис“.

Според лекарските прегледи, Бразилецот има скршеница на десната нога и ќе мора да паузира помеѓу три и четири месеци.

„Благодарам на сите за поддршката. За жал, во нашата професија постои ризик и повредите се составен дел. Пријателите, семејството и многу навивачи ми посакаа што е можно поскоро да се вратам на теренот“, напиша Алвеш на социјалните мрежи.

Алвеш беше стандарден на десната бековска позиција, а дури постигна и еден погодок. На неговото место сега ќе биде Стефан Лихштајнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...