Сан Себастијан е „кошмарно“ место за Барселона

Актуелниот шпански првак Барселона веќе има сериозно заостанување во однос на најголемиот ривал Реал Мадрид, во трката за титулата во Примера дивисион. Каталонскиот гигант одигра 1:1 на гостувањето кај Реал Сосиедад и веќе е на шест бода позади „Кралскиот клуб“. Ремито против Сосиедад воопшто не е изненадување, ако се знае историјата на гостувањата кај овој противник.

НА „АНОЕТА“ ИМ Е ПОТЕШКО ОТКОЛКУ НА „САНТИЈАГО БЕРНАБЕ“ И „ВИСЕНТЕ КАЛДЕРОН“

Сан Себастијан едноставно како да е „кошмарно“ место за Барселона. Статистиката покажува дека шампионот во последните осум години нема ниту една победа на тој терен. Стадионот „Аноета“ го има теренот на кој Барселона игра многу потешко отколку на „Сантијаго Бернабе“, „Алијанц арена“, „Стемфорд бриџ“, „Висенте Калдерон“ или кој било друг стадион на европските гинант.

Последен пат Барселона победи на гости кај Сосиедад во мај 2007 година, кога во тимот беа Роналдињо, Деко и Самуел Ето. Тогаш гостите се радуваа со 2:0, благодарение на головите на Андрес Иниеста и Ето. Сепак, од тој меч до денеска поминаа осум и пол години, во кои Барселона си нема заминато триумфално.

СУДИЈАТА „ПОМОГНА“ ДА НЕ ЗАГУБАТ ВО НЕДЕЛАТА

Следува период во кој Барселона нареди пет порази и само три нерешени дуели на „Аноета“, со гол разлика од осум дадени и дури 14 примени погодоци. На неделниот меч, Сосиедад имаше предност, а гостите израмнија со голот на Лионел Меси. Домаќините може да жалат за победата, бидејќи три пати ја погодуваа рамката од голот, а им беше поништен и еден погодок. Судијата досуди оф-сајт позиција, но повторената снимка покажа дека голот бил регуларен.

НАЈМАЛ ПОСЕД НА ТОПКА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ОСУМ ГОДИНИ

Колку Барселона беше немоќна покажа и статистиката според која имала посед на топка од само 47,8 отсто. Тоа е најмал посед во првенството од 2008 година, кога всушност и започна ерата на Пеп Гвардиола и „тика-така“ начинот на игра. И тренерот Луис Енрике е самокритичен велејќи дека тимот никогаш не одиграл послабо откако е тој на клупата.

„Одигравме под нашето ниво бидејќи не успеавме да споиме пет додавања. Откако сум тренер на Барселона, ова беше најлош меч за нас“, рече Енрике.

Следниот меч Барселона го игра пред своите навивачи и тоа во големото дерби против Реал Мадрид. Тоа ќе биде шанса шампионот да ја намали негативата, но доколку не успее да ги освои трите бода во „Ел Класико“, ќе биде многу тешко да се надополни негативата која е создадена по само 13 одиграни средби во Примера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...