Родригез го „нападна“ Зидан

Реал Мадрид се надева дека конечно сезонава ќе ја прекине доминацијата на Барселона во шпанската Примера. „Кралскиот клуб“ има шест бода пред најголемиот ривал, и тоа во пресрет на нивниот дуел кој е закажан за в сабота. Популарното „Ел Класико“. Мадриѓани се во добра резултатска серија, но, сепак, пред една од најважните средби во првенството, се создава лоша атмосфера.

Скандал во редовите на Реал Мадрид предизвикал колумбискиот репрезентативец Џејмс Родригез, кој вербално го нападнал тренерот Зинедин Зидан. Родригез е незадоволен од третманот кој го има во тимот и бара почесто да биде на теренот, а не да седи на клупата за резерви.

НЕ Е НИТУ ВТОРА ОПЦИЈА

Првата опција на таа позиција е Герет Бејл, но Велшанецот е повреден, но Зидан, најверојатно, повторно нема да сака да го стави Родригез во стартниот тим.

Во досегашните 13 меча, офанзивниот играч за врска одигра седм мечеви, а само трипати беше стартер. Неговиот биланс е еден гол и две асистенции. За Колумбиецот интерес покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Интер, а неговото име го поврзуваа со најтрофејниот англиски тим Манчестер Јунајтед.

БИЛЕТИТЕ СТИГНУВААТ ДО 120.000 ЕВРА

Како се доближува денот до почеток на мечот, така се вжештува атмосферата. Според некои информации, на интернет форумите, еден билет достигнал цена од неверојатни 120.000 евра. Официјално сите билети се распродадени, но на „црно“ може да се купат билети. Најевтиниот е 1.000 евра за најлошите места на стадионот, а за подобрите позиции на „Ноу Камп“ билетите се многу поскапи.

ИНИЕСТА ЌЕ БИДЕ ПОДГОТВЕН

Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста, закрепнал од повредата и ќе биде подготвен да настапи во дербито. Иниеста повеќе од еден месец паузираше поради болки во коленото, но ќе биде на располагање на тренерот Луис Енрике в сабота.

Повеќе од една деценија тој е еден од клучните играчи во тимот и од неговата игра можат да зависат многу работи на крајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...