Барселона без право на грешка

Не помина ниту година дена откако седна на вжештената клупа на Реал Мадрид, а Зинедин Зидан веќе направи многу чуда. В сабота би можел до уште едно. На најсилниот испит од почетокот на сезоната прваците на Европа гостуваат на Ноу Камп и се соочени со многу проблеми. Сепак, имаат и шанса со евентуална победа веќе на третина од шампионската трка да направат клучен чекор кон титулата која се чека веќе четири години.

Само една титула шампион на Шпанија во минатите седум години е премалку за клуб од типот на Реал Мадрид, а кога на тоа ќе се надоврзе доминацијата на лутиот ривал Барселона, тогаш е јасно зошто добар дел од навивачите на радио Мергенгес оваа сезона го одбра освојувањето на Примера пред освојувањето на Лигата на шампионите.

Реал на Зидан е на добар пат да го реши и тој проблем. По 13 одиграни кола имаат шест бода повеќе од Барселона. Затоа победа на „Ноу Камп“ и заминување на плус девет, веројатно, ќе биде и клучниот момент во трката меѓу тимовите од Мадрид и од Барселона. Вистина е дека првенствената трка е на третина, но во Примера девет бода разлика најчесто е недостижна предност кога во прашање се Реал Мадрид и Барселона.

Од друга страна, Барселона го има најлошото отворање на сезоната во последните десет години. Само осум победи во 13 натпревари е резултат под сите стандарди на кои Каталонците не имаат навикнато. Дури повеќе го немаат ниту најефикасниот напад во лигата, што обично беше случај во минатите години. Им се случува ривалите да ги надиграат и Луис Енрике да мора да биде задоволен со бод како претходниот викенд во Сан Себастијан.

Сепак, Ел класико мора да промени сè. Барселона со победа би се доближила на минус три и трката повторно би била отворена. Некоја голема победа би можела да биде инјекција за самодоверба за Каталонците и крстопат пред продолжението од сезоната. Истата како што беше и за Реал на Зидан минатата пролет кога со победа на „Ноу Камп“ успеа да направи цврста ментална подлога и ја доби потребната стабилност за освојување на Лигата на шампионите.

Реал има поефикасен напад, цврста одбрана, но и голем број проблеми како да се состави тим пред гостувањето во Каталонија. Надвор од стројот до следната година се клучните играчи како Герет Бејл и Тони Крос. Повреден е и Алваро Мората. Само што заздравеа Пепе, Рамос и Касемиро, а под знак прашалник е Варан... Зидан ќе има многу проблеми за да го состави тимот за Ел класико, но досега се покажа дека секога има опции Б и Ц, па ги врати во форма играчите како Иско, Ковачиќ... а успева да го извлече најдоброто и од Васкез и од Асенсио.

Проблеми има и Луис Енрике, но не толку како Зидан. Дури нему почнаа да му доаѓаат добри вести. Најдобрата е дека заздраве Андрес Иниеста, а заздравеа и Умтити и Арда Туран. Неизвесна е ситуацијата околу Пике и Алба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...