„Ел Класико“ вредно милијарда евра

Кога играат двата најпопуларни тима во светот, целиот фудбалски свет е фокусиран на Реал Мадрид и Барселона.

Популарното „Ел Класико“ го има првиот дел за оваа сезона, а ќе биде на сцената на „Ноу Камп“. Актуелниот првак е домаќин, додека најтрофејниот тим е лидер и ќе се обиде да ја задржи бодовната предност од шест бода.

За тоа колкава е моќта на двата клуба покажува и фактот дека ова ќе биде меч на два клуба кои имаат потрошено повеќе од една милијарда евра за играчите кои моментално ги има во двата тима.

РЕАЛ Е ПОМОЌЕН КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ПЛАТЕНИТЕ ЗАСИЛУВАЊА

Реал Мадрид е „помоќен“ во оваа категорија. „Кралевите“ имаат потрошено 613,4 милиони евра за играчи кои сега на располагање ги има тренерот Зинедин Зидан. По официјалните податоци, за Кристијано Роналдо се дадени најмногу пари. Тој вредеше 94 милиони евра кога го направи трансферот од Манчестер јунајтед.

Веднаш зад Роналдо е Герет Бејл за кого беа платени 91 милиони евра, додека вредноста на Џејмс Родригез е 80 милионни евра. Тоа значи дека овие тројца вредат речиси половина од сумата која ја дале челниците од „Сантијаго Бернабе“. Помеѓу 25 и 35 милиони евра вредат дури десетмина играчи на Реал Мадрид.

Барселона има потрошено помалку пари за трансфери на играчите кои се во актуелниот состав, најмногу благодарение на нивната добра академија. Од академијата на тимот потекнуваат Лионел Меси, Андрес Иниеста и Серхио Бускетс, што значи дека за нив не се дадени ич пари.

Најголеми трансфери во Барселона имаат двајцата напаѓачи кои се покрај Меси. Луис Суарез и Нејмар заедно вредат 166,4 милиони евра. Бразилецот е малку поскаб бидејќи за него се платени 85,4 милиони евра. Зад двајцата најскапи трансфери, следуваат четворица играчи чија вредност е меѓу 25 и 35 милиони евра, а тоа се: Самуел Јумтити, Пако Алкасер, арда Туран и Андре Гомеш.

НАЈЛОШ СТАРТ НА БАРСА ВО ПОСЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ

Барселона доминира во Примера и има шест шампионски трофеи во последните осум години. Сепак, сезонава не оди како што посакуваат во каталонскиот гигант. Веќе заостануваат шест бода, а досега освоените 27 бода по 13 мечеви, што е најслаб нивни старт во последнава деценија. Затоа притисокот врз домаќините ќе биде поголем бидејќи мора да ги освојат трите бода и да останат во трка за шампионскиот трофеј.

Дека победничкиот ритам е загубен, покажува и фактот дека во последните осум меча на Барса во сите натпреварувања, има биланс од само три победи, три нерешени средби и два порази.

СЕ ИГРА ПОПЛАДНЕ ЗА ДА СЕ ЗАДОВОЛИ КИНЕСКИОТ ПАЗАР

Помалку неочекувано дуелот се игра во пладневен термин, во 16:15 часот. Причина за ваквата одлука не е поради страв од нереди на навивачи туку за да може да се задоволат „апетитите“ на фановите на двата тима кои се на азискиот континент.

Ова ќе биде вкупно 265. меѓусебен дуел на двата најтрофејни шпански тима. Барселона е поуспешна и има 109 победи, додека Реал Мадрид се радувал на 97 натпревари. Вкупно 58 дуели завршиле без победник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...