Поради петарда која експлодираше до голманот на гостинската екипа, натпреварот од францускиот фудбалски шампионат меѓу Мец и Лион е прекинат по само 30 минути игра.
Домашните навивачи со петарда го погодија голманот на Лион Ентони Лопес, кој се здоби со повреда на ногата. Судијата ги испрати фудбалерите во соблекувалните, а по 45 минути беше соопштено дека средбата нема да продолжи.
Само неколку минути пред инцидентот Мец дојде во водство со 1:0.