Агуеро казнет со четири натпревари, Фернандињо со три дуели

Лондон, 5 декември 2016 (МИА) - Играчот на Манчестер Сити, Серхио Кун Агуеро е казнет со забрана за настап на четири натпревари, а неговиот соиграч Фернандињо со три дуели, поради исклучувањата што ги добија на саботниот дерби дуел од Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Челзи.

Нивниот тим го загуби дуелот со 3:1, а играчите ги „загубија“ нервите. Агуеро со неспортски потег со „ѓон“ го удри противничкиот играч Давид Луиз, а потоа дојде до мешаница во која Фернандињо го турна противничкиот играч Цеск Фабрегас.

Агуеро нема право на настап на натпреварите против Лестер, Вотфорд, Арсенал и Хал, а ќе се врати за дербито со Ливерпул на 31.декември. Фернандињо право на настап ќе има на дуелот со Хал.

За Агуеро, кој на 12 натпревари во Премиер лигата има постигнато 10 голови, ова му е втора суспензија сезонава откако претходно беше казнет поради удирање на играчот на Вест Хем, Винстон Рид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...