Бабунски потврди: Точно е заминувам од Звезда

Давид Бабунски оди по стапките на Даниел Аврамовски и зимава ќе си замине од Црвена Звезда.

Во текот на вчерашниот ден српските медиуми објавија дека нашиот млад репрезентативец побарал раскин на договорот и истиот ќе го добие. Шпекулации околу неговата судбина изминатиов период имаше многу па Македонски спорт мораше да ги потврди или, пак, отфрли истите. Го пронајдовме Бабунски во далечната Австралија, каде што во моментов е на одмор.

„Не знам што точно напишале медиумите во Србија и Македонија, но знам дека дел од тоа е точно. Побаран е раскин на договорот и јас 99% си заминувам од Црвена Звезда. Во моментов сум на одмор во далечната Австралија и не можам точно да бидам во тек со настаните кој што напишал во врска со мене. Знам дека доколку работите во Црвена Звезда не се променат, а такво нешто тешко дека ќе се случи, ќе заминам во друг клуб“ - изјави за Македонски спорт, Давид Бабунски.

Околу неговата следна дестинација ќе треба да почекаме неколку дена затоа што и самиот Бабунски ретко кога сака да шпекулира и да нафрлува информации кои потоа нема да се остварат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе се жали за своето работно место.
- Не можам веќе да издржам, ме отекоа, само нешто ме прашуват.
- А што работиш?
- На шалтер за информации.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
Софрониј Ерусалимски. Свети Софрониј беше Дамаскинец. Се родил во шестиот век. Во младоста се запознал со монахот Јован Мосх и заедно со него ги опколил пустиножителите во...
На денешен ден
- Светски ден на борба против туберкулозата
1603.- Во Лондон умре англиската кралица...
1783.- Шпанија ја призна независноста на САД.
1834.- Роден е англискиот социјалист, писател и...