Панчев: Немаме квалитет ниту за ју-лигите

На оваа тема, зошто во последната декада македонските играчи не успеваат во Белград, разговараме со Дарко Панчев.

Секако еден од најкомпетентните да ја прокоментира оваа проблематика. Ги има Звезда и Белград во „малиот прст“. Знае сè за условите во таа фудбалска средина во која ги доживеа ѕвездените моменти од својата богата кариера. Нашиот најдобар фудбалер на дваесеттиот век има многу што да каже на оваа тема, а започнавме со најновиот „проблем“ Давид Бабунски.

„Ја следам Црвена Звезда редовно и игрите досега на Бабунски. Реално не доби доволно минутажа како што очекуваше. Влезе во екипа, која ’мелеше’ цела година претходно и на тренер му е тешко да менува екипа која победувала цело време. Тоа се проблематични моменти. Е сега можеби и тој самиот требаше, мораше да се избори повеќе, со подобри игри кога добиваше шанса. Не дека играше лошо, но мораше да биде подобар од сите за да игра константно. Секаде во странство мора да си трипати подобар од домашните за да играш“ - вели Панчев околу ситуацијата на Бабунски во Звезда.

ШТО Е НАЈГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЗВЕЗДА?

Панчев реално смета дека нашите играчи не можат да се наметнат во Белград од една многу проста причина.

„Веројатно проблем е сè послабата лига кај нас. Во слаба лига не може да излезат големи играчи. Во даден момент кај нас тие можеби се екстра играчи, но нашата лига ни создава погрешна слика. Не е меродавна, слаба е. Играјќи кај нас играчите очигледно имаат проблем кога ќе отидат дури и во Звезда Партизан, или Динамо, да не зборуваме за понатаму.

Објективно српската и хрватска лига се подобри лиги од нашата. Штета што нашата лига е толку слаба, затоа што да е подобра нашите играчи во секој случај би биле поквалитетни. Тука лежи дел од проблемот. Дел секако оди на индивидуалната лимитираност на поедини играчи. Сепак, за нас, Звезда, Партизан и Динамо се големи клубови, а секако и во Европа, без разлика што се и тие паднати годиниве. Сепак, кога одиш во таква средина, од тебе се бара да си класа, да си екстра играч. Кога се носи странец објективно мора да е подобар од домашните, инаку зошто би го носеле. Филозофијата е таа, што значи дека нашите играчи кои заминуваат во Белград или на кое било друго место мора да го имаат тоа на ум“ - вели Панчев.

ПРОБЛЕМОТ ПОТЕКНУВА ОД НАС

„Значи две клучни нешта се во прашање. Проблемот потекнува од нас. Јас лично не мислам дека кога квалитетен македонски играч би заминал во Партизан или Звезда не би играл. Зошто да не игра? Мислам дека погрешна ни е тезата дека само затоа што сме Македонци не нè сакаат во овие клубови. Тоа според мене е погрешно. Тоа е моето мислење. Не е тоа проблем. Проблемот е во нас. Лоша фудбалска средина, неквалитетна лига. Можеби нашите играчи и можат да напредуваат, но во моментот кога заминуваат таму се недоволно спремни. А во Звезда или Динамо немаат време да чекаат да се развиваш како играч. Се знае таму дека веднаш мислат на продавање, на заработка“ - појаснува Панчев.

„И уште нешто. И самите медиуми во Србија одлично ги прифатија на почетокот, и Тричковски и Аврамовски и Бабунски. Значи, пак било до самите играчи. Не наишле на отпор да речеме па да бидат осудени на пропаст таму, напротив. Морало повеќе да се покаже. Конкретно Бабунски. Не е спорно дека има квалитет, дека е технички супериорен. Но, реално мораше повеќе да покаже, мораше повеќе да шутира на гол, да се истакне. Мора да асистираш. Алиби игра во Звезда не поминува. Публиката таму бара потег, асистенција, гол.

Таму не џабе и на најобичен меч доаѓаат по петнаесет-дваесет илјади публика.

Мора да се покаже повеќе. Мора да се биде над другите. Така се успева во тие средини. Не е секако сè наша вина, односно на играчите кои не успеале во тие клубови, но дел од оди и на нивна душа што се вели“’ - критички поентира Панчев



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...