Роналдо ја прибира и наградата на ФИФА?

Од оваа година ФИФА почнува со доделување на своја награда за најдобриот фудбалер на светот откако се раздели со Франс фудбал со кого во изминатите години ја доделуваа Златната топка. Денеска, во Цирих, со почеток од 18:30 часот ќе се одржи церемонијата на прогласувањето на најдобрите за изминатата година со тоа што за главната награда ќе се борат тројца фудбалери Кристијано Роналдо, Антоан Гризман и Лионел Меси.

Роналдо имаше фантастична година и ги собра сите досегашни индивидуални награди пред се поради триумфот со Реал во Лигата на шампионите и на Светското клупско првенство, како и освојувањето на европската круна со репрезентацијата на Португалија. Минатиот месец тој ја освои Златната топка на Франс фудбал, а се очекува да биде одликуван и со наградата на ФИФА. Тоа значи дека минатогодишниот освојувач на Златната топка Лео Меси овој пат ќе остане без наградата затоа што немаше толку успешна година како Португалецот. Антоан Гризман блескаше во минатата сезона и на европското првенство во Франција, меѓутоа не успеа да се закити со ниту еден трофеј, па така мали се шансите да ја земе оваа престижна награда.

Наградите се одредени според комбинирано собрани гласови. 50% од гласовите ќе бидат одредени според гласањето на капитените на националните тимови (25%) и селекторите (25%). Останатите 50% ќе бидат поделени меѓу интернет гласањето на фудбалските фанови (25%) како и гласовите на претставниците на угледните светски медиуми во светот (25%).

На самата церемонија ќе биде одреден најдобриот тренер во светот, најдобрата фудбалерска, најдобриот тим, најдобриот погодок...

НОМИНИРАНИ
НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР НА СВЕТОТ
Кристијано Роналдо, Антоан Гризман и Лионел Меси
НАЈДОБРА ФУДБАЛЕРКА
Мелани Берингер, Карли Лојд и Марта
НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА
Клаудио Раниери, Фернандо Сантос и Зинедин Зидан
НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА
Џил Елис, Силвиа Нид и Пиа Сандхеџ
НАЈДОБАР ГОЛ
Марлон, Даниушка Родригез и Мохд Фаиз Субри
НАЈДОБРИ НАВИВАЧИ
Ден Хаг, Борусија Дортмунд, Ливерпул и Исланд



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...