Фудбалерите на Барселона успеаја да ја анулираат негатива од првиот меч во осимнафиналето со Атлетик Билбао. Тие синоќа на „Камп Ноу“ славеа победа со 3:1 и со вкупни 4:3 се пласира во четвртфиналето на Купот на Шпанија.
Стрелци на головите за домашниот тим беа Луис Суарез, нејмар и Лионел Меси, додека за Атлетик погоди Енрик Саборит.
Во следната фаза досега место обезбедија и Алавес, Атлетико Мадрид, Алкоркон и Реал Сосиедад.