Ван Гал одлучи да ја заврши кариерата

Холандскиот фудбалски тренер Луј ван Гал соопшти дека донел одлука да ја заврши кариерата.

- И минатата година реков дека ставам крај на мојата кариера, но подоцна ја сменив таа одлука и решив прво да се одморам. Јас всушност сакав да се откажам после Светското првенство пред три години. Сега верувам дека веќе нема да се вратам на тренерското место, изјави Ван Гал за холандски „Телеграф“.

Тој додаде дека последните случување во неговото семејство го убедиле да донесе таква одлука. Како што информира „Телеграф“, една од ќерките на Ван Гал минатиот месец го загубила својот сопруг кој ненадејно починал, и сега тој сака да биде заедно со своето семејство, и да помогне во овие тешки мигови за нив.

- Можев да одам и да заработам многу пари, но јас одлучив дека моето семејство ми е најважно. Минуваме низ еден тежок период, во минатото исто така семејството многу се жртвуваше за мојата професија и сега е моментот јас целосно да се посветам на нив, изјави Холанѓанецот.

Ван Гал ја почна тренерската кариера во 1991 година, беше тренер на Ајакс, Барселона, Баерн Минхен и на Манчестер Јунајтед, како и селектор на Холандија. Има освоено 20 клупски трофеи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...