Абрамович: Коста и Конте под итно да се помират

Сагата меѓу Челзи и Диего Коста продолжува, а по бунтот на Шпанецот и неговото изоставување од составот за мечот со Лестер менаџерот Антонио Конте најави разговор за помирување со својот најдобар напаѓач.

Италијанецот појасни дека причината што Коста не играше во саботата е повреда, меѓутоа вистината е дека Коста добил извонредна понуда од Кина, меѓутоа клубот одбил да го пушти. Поради тоа Шпанецот одбил да тренира, а Челзи го исфрли од тимот.

Според англиските медиуми, Тјанџин предложил 80 милиони евра, а на фудбалерот годишна плата од 35 милиони евра. Напаѓачот бил подготвен да замине во Кина, но раководството на клубот кажало „стоп“.

Во меѓувреме сопственикот на клубот, Роман Абрамович, дал наредба итно да се помират тренерот и фудбалерот и да нема расипување на атмосферата во периодот кога клубот игра извонредно и ита кон титулата. Коста е под договор со Челзи до 2020 година.

Конте кажа дека денеска ќе разговара со незадоволниот играч и да ги разрешат проблемите. Најверојатно Шпанецот ќе остане во клубот до крајот на сезоната, а потоа ќе му биде дозволено да премине во Кина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...