По истекот на договорот со Монтреал, Дидие Дрогба е слободен фудбалер и е во потрага по нов клуб. Поради своите квалитети и стекнатата репутација и на 38-години е баран од клубовите, а на негова адреса стигнала интересна понуда од бразилскиот Коринтијанс.
Според документот кој го објави „Глобо Еспорте“, Бразилците му понудиле едногодишен договор и чиста месечна плата од 120,000 долари.
Но, Коринтијанс подготвил уште неколку изненадувања за играчот од БС Коска во случај да потпише. Тие му даваат оклопно возило марка „Сув“, личен преведувач и шест авионски билети меѓу Бразил и Европа и изнајмена куќа, како и парични награди ако биде најдобар стрелец во шампионатот Паулиста и во бразилската Серија А.