Барселона и Монако први до стотка

Екипите на Барселона и Монако се првите кои успеаја да стигнат до бројката од 100 погодоци сезонава, во Топ 5 лигите. И каталонскиот гигант и тимот од „малото кнежество“ се точно на стотката. Ниту еден друг тим во најсилните пет лиги во Европа сезонава нема постигнато 100 погодоци во сите натпреварувања.

Барселона прва стигна до оваа бројка откако без поголеми проблеми со 3:0 го победија Атлетик Билбао. На „Камп Ноу“, домаќините во првото полувреме, со головите на Пако Алкасар и Лионел Меси, стигнаа до сигурна предност, но погодокот на Алекс Видал во вториот дел беше јубилејниот 100. за оваа сезона.

Од овие 100 погодоци, Барселона 55 ги постигна во Примера дивисион, додека останатите се во Лигата на шампионите, Купот на Шпанија и Суперкупот на Шпанија.

Само неколку часа по Барселона, јубилејниот 100. погодок за оваа сезона го даде и Монако. Францускиот тим без поголеми проблеми со 3:0 ја победи, во средба која требаше да биде дерби во првенството.

Монако е лидер во шампионатот и главен фаворит за титулата. Досега во 23 натпревари во првенството, дале дури 68 погодоци. Останатите 32 се во други натореварувања.

Зад двете најефикасни екипи следува Реал Мадрид. „Кралевите“ синоќа требаше да играат против Селта Виго, но мечот беше одложен. Токму поради тој неодигран дуел, Реал остана на 98 погодоци сезонава.

Сите останати екипи се далеку од најефикасните. Следи Арсенал со 83 погодоци сезонава, потоа Пари Сен Жерммен со 79, па Манчестер сити (75), Севилја (69), додека екипите на Челзи, Рома и баерн Минхен досега постигнале по 67 погодоци сезонава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...