Енрике кога губи тепа и вика по новинари

Барселона е понижена во Париз. Четири примени гола и ниту еден даден ја отсликува немоќта на тимот, а против ПСЖ делуваа како вистински аматери. По катастрофалното издание на Паркот на принцовите Барселона се најде во позиција на рана елиминација. А на тренерот Луис Енрике, ако не се случи чудо на реваншот на 8 март, деновите во Барса му се избројани, а може и да не го дочека крајот на сезоната. Причина е што во првенството не му оди, тимот веќе ја загуби синергијата, цврстината, што резултира со збогување со титулата во Примера и, веројатно, од Лигата на шампионите. На астуриецот му пресуди еден од најгорките порази во историјата на Барселона.

А по мечот Енрике пред камерите го покажа другото лице. Почна со анализа на мечот па потоа почна со дрско и безобразно одговарање на прашањата на новинарот на каталонската ТВ3.

„Изгледа Вие не го гледавте натпреварот, затоа што ја променивме тактиката. Од 4-3-3 преминавме на 4-2-3-1 за да ги спречиме нивните клучни играчи, а истовремено да му овозможиме на Меси повеќе влегувања во шеснаесетникот, да биде послободен. Можевме да играме и во формација ’елка’ повторно ќе се случеше истото“, рече тренерот на Барса.

„Сега очигледно ќе барате виновник? Епа тој стои пред тебе. Јас сум виновникот. Мене напаѓајте ме, а не фудбалерите. Но, кога ме напаѓате по вакви порази, известувајте исто и кога ќе победиме. Дали сум и ја заслужен за победи или само за порази“, збесна Енрике.

Меѓутоа, вистинска драма се случила откако се изгасиле камерите. Новинарката Сузана Гвеш од телевизиската станица Мега, која се вклучила непосредно по овој инцидент.

„Најинтересното не го видовте, а се случи по интервјуто. Тројца луѓе го држеа Енрике да не го удри мојот колега. Му ги турна хартиите од рака и викаше: ’Ти реков да не ме допираш’. Да видам дали вака ќе известуваш кога ќе почнеме да победуваме“, вели Сузана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...