Баерн ни за 100 милиони не го дава Милер

Германскиот првак Баерн Минхен нема шанси да го продаде Томас Милер. Баварскиот гигант ова го потврди и по последната понуда која пристигна на „Алијанц арена“. Манчестер Јунајтед е тимот кој залудно се обидува да го „украде“ германскиот репрезентативец.

Најтрофејниот англиски тим веќе со месеци се обидува на „Олд Трафорд“ да го доведе Милер. Најновата офанзива беше поткрепена со понуда вредна 100 милиони евра. Сепак, и тоа е недоволно, потврдија од таборот на Баерн.

„По факс добивме понуда од Англија. Тоа повторно беше од Манчестер Јунајтед. Тие повторно бараат да го купат Томас Милер, но во нашиот тим никогаш на дневен ред не било ова прашање. Милер нема да си замине од Баерн“, вели извршниот потпретседател тимот од Минхен, Јан-Кристијан Дрезен.

Играчот кој со години е еден од најдобрите во Баерн, сезонава е во слаба форма. Досега даде само четири погодоци, но и тоа не е проблем за германскиот тим, кој има разбирање и чека нов блесок на офанзивецот.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, пред почетокот на сезонава потроши повеќе од 160 милиони евра за доведување на Пол Погба, Хенрик Мхитарјан и Ерик Бај. Златан Ибрахимовиќ дојде на „Олд Трафорд“ за беспари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...