Шоу на Ибра на Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед го слави Златан Ибрахимовиќ. Благодарение на неговите голови „Црвените ѓаволи“ славеа со 3:0 против Сент Етјен во првиот меч од шеснаесетфиналето во Лига Европа и си ја подотвори вратата за влез во наредната фаза. Мечот беше во центарот на вниманието поради дуелот на браќата Пол и Флорентин Погба, меѓутоа нивниот настап го засени Ибрахимовиќ кој со трите голови ги сврте објективите на камерите кон себе.

Во 15 минута Швеѓанецот сам се избори за слободен удар од 18-тина метри. Шутираше силно но топката закачи некој од противничките дефанзивци и се истркала во голот. Ибра даде гол на почетокот на второто полувреме кој со право беше поништен поради офсајд. Но затоа неговиот гол во 75 минута беше чист како солза. Прво Рашфорд направи соло-продор и биеше од страна, а голманот Руфие ја одби топката до Ибрахимовиќ кој непречен од никого ја спроведе во голот. Во финишот на мечот шведскиот ас изнуди удар од белата точка кој потоа го реализира заокружувајќи хет-трик и вкупно 23. гола во првата сезона во дресот на Манчестер јунајтед. Исто така е интересно што шведскиот ас против Сент Етјен постигнал 17 гола во 14 дуели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...