Дури 14 голови на двата натпревари во Лигата на шампионите

Во фудбалската Лига на шампиони синоќа се одиграа два натпревари од осминафиналната рунда на кои беа постигнати дури 14 голови.

На стадионот „Етихат“ во Манчестер беа постигнати осум гола, на натпревар исполнет со многу пресврти што го доби Манчестер Сити со победа над Монако со 5:3.

Серијата на голови ја отвори Рахим Стерлинг во 25. минута за водство на Манчестер Сити. Во продолжението на првиот дел гостите направија пресврт, преку Радамел Фалкако (32. минута) и Килијан Мбапе (40), па на паузата заминаа со предност од 2:1.

Во вториот дел, Фалкао во 50-минута не успеа да реализира пенал, а неговиот удар од белата точка го одбрани голманот Кабаљеро. Затоа следуваше казна, преку Кун Агуеро. кој во 58. минута го израмни резултатот на 2:2. Само три минути подоцна (61) Фалкако се извади за промашениот пенал, па по брзиот контранапад по втор пат ја затресе мрежата на Кабаљеро, за водство на Монако 2:3.

На вториот гол на Колумбиецот, возврати Аргентинецот, Агуеро кој во 71. минута израмни на 3:3. Тоа им даде дополнителен мотив на домашните фудбалери, кои преку Џон Стоунс (77) и Лерој Сане (82) стигнаа и до победа од два гола разлика 5:3.

Во Леверкузен беа постигнати пет голови, а Атлетико славеше победа над Баер со 4:2. Головите за гостите од Мадрид ги постигнаа, Саул Нигуез (17. минута), Антоан Гризман (25), Кевин Гамемеиро од пенал (59) и Фернандо Торес (86).

За Баер стрелец беше Керим Белараби (48), додека гостинскиот играч Стефан Савиќ (68) си постигна автогол.

Вечерва своите први натпревари од осминафиналето ќе ги играат шпанската Севиља и англискиот шампион Лестер, односно Порто, кој ќе го пречека италијанскиот првак Јувентус.

Реванш натпреварите од овие четири двојки ќе се играат на 14 и 15 март.

Потсетување дека на првите четири натпревари од оваа рунда кои беа одиграни минатата седмица беа постигнати овие резултати: Бенфика - Борусија Дортмунд 1:0, Париз Сен Жермен – Барселона 4:0, Баерн Минхен – Арсенал 5:1 и Реал Мадрид – Наполи 3:1.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...