Енрике останува тренер на Барса

Хосеп Марија Бартомеу, претседателот на шпанскиот фудбалски шампион Барселона, изјави дека тренерот Луис Енрике има комплетна поддршка од челните луѓе. Шпанскиот стручњак се најде под притисок поради убедливиот пораз на тимот од ПСЖ во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите, а потоа и неубедливата игра против Леганес и тешката победа со 2:1 со пенал на Меси во 90 минути во рамките на Примера.

„Луис Енрике е тренерот што го сакаме. Тој одлично си ја врши работата и ние сме задоволни. Немаме план Б. Сакаме Енрике да продолжи“, коментира Бартомеу.

Од 2014 година Енрике со Барселона освои осум трофеи, а во оваа сезона се пласира во финалето на Купот на Шпанија.

„Да не заборавиме дека веќе сме во едно финале, а до крајот на сезоната во шампионатот има уште многу натпревари“, вели првиот човек на Барса.

Каталонскиот клуб има поен помалку од лидерот Реал кој има два меча помалку.

ПИКЕ: ЌЕ СЕ БОРИМЕ ЗА НЕГО

По фијаското во Париз медиумите шпекулираа дека играчите му завртеле грб на Енрике, дека стратегот ги расипал односите со најдобриот напаѓач Меси и дека тешко дека ќе го дочека крајот на сезоната. По мечот со Леганес Енрике беше исвиркан од публиката на Ноу Камп. Меѓутоа дефанзивецот Жерард Пике вели дека не е вистина дека ги расипале односите со тренерот.

„Сите играчи сме подготвени да се бориме до смрт за Енрике. Секогаш сме биле на негова страна. Ќе направиме сè што можеме да се подобриме. Сè уште сме на три фронта, иако лошо поминавме во Лигата на шампионите. Но, треба да веруваме, затоа што ние сме Барса“, изјави Пике.

„Не можам да ги разберам свирежите. Кога Луис Енрике дојде, ние бевме многу лоши. Тој заврши добра работа и за две години под негово раководство освоивме осум од 10 можни трофеи. Точно е дека веќе месец и половина не ја покажуваме вистинската игра. Но, убеден сум дека тренерот и неговите помошници се обидуваат да најдат излез од оваа ситуација“, додаде шпанскиот фудбалер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...