Фенербахче се изгоре

Краснодар, Шалке и Манчестер јунајтед се првите осминафиналисти во Лигата на Европа.

Краснодар го елиминира Фенербахче, Шалке рутински ја одработи задачата против ПАОК, а Јунајтед го потврди пласманот меѓу најдобрите 16 со уште еден триумф над Сент Етјен.

Изненадувањето се случи во Истанбул каде Фенербахче немаше сили да го кутне Краснодар. „Канаринците“ имаа негатива од еден гол од пред една недела па на домашен терен им требаше триумф од два или повеќе голови разлика. Сепак, планот им го расипа Смолов, кој погоди на почетокот на мечот. Соуза пред крајот на полувремето изедначи, а домашните имаа цело второ полувреме да дадат два гола, меѓутоа не успеаја во тоа.

Јунајтед на првиот меч со Сент Етјен победи со 3:0, а на реваншот му беше доволно и реми. Но, „Ѓаволите“ не штедеа сили и играа со најдобрите, а предноста ја донесе Мхитарјан во 17. минута. Но, седум минути подоцна Ерменецот мораше да го напушти теренот поради повреда па во игра влезе Рашфорд. Ерик Бејли имаше момент за заборав на мечот. Бекот на Јунајтед во интервал од 185 секунди во второто полувреме доби два жолти картони и замина во соблекувалната. Тоа не влијаеше врз конечниот резултат и триумф на Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ врзаа четири меча во Европа без примен гол, што е за првпат по 2013 година.

Во Гелзенкирхен Шалке го помина ПАОК со вкупни 4:1. Во Грција беше 3:0 за Германците, па реваншот беше само формалност. „Сините“ поведоа со голот на Шоф, меѓутоа да не си замине ПАОК без постигнат гол се погрижи Матија Настасиќ, кој по центаршутот од левата страна погови во својата мрежа и го постави конечниот резултат.

Другите 13 учесници во осминафиналето ќе бидат познати денеска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...