РБ Лајпциг (не)може во ЛШ

РБ Лајпциг најверојатно ќе заврши меѓу четирите најдобри екипи во Германија и ќе избори учество во Лигата на шампионите, меѓутоа, нивниот настап во елитата може да биде попречен поради правилата кои ги налага УЕФА, соопштуваат австриските медиуми. Имено Европската фудбалска куќа вели дека два клуба кои се во сопственост на ист спонзор, организација или човек не смеат да настапуваат во Лигата на шампионите.

На Лајпциг „проблем“ му прави РБ Салцбург кој моментално се наоѓа на првото место во Австрија. И двата клуба се во сопственост на компанијата за енергетски пијалоци Ред Бул и газдата Дитер Матешиц. Според правилата еден од овие два клуба ќе може во Лигата на шампионите, а другиот ќе мора да ја прескокне сезоната во Европа.

Меѓутоа Лајпциг за германски „Кикер“ коментира дека тоа нема да претставува проблем и за двата клуба ќе има место во ЛШ. Во документите Ред Бул се води како сопственик и главен спонзор само на клубот од Салцбург. Како сопственик на германскиот клуб е запишан Расенбалшпорт Лајпциг. Германскиот тим уште кога влезе во Втората лига мораше да го менува името па токму префиксот РБ значи Расенбалшпорт за да не се поклопува со името Ред Бул поради правилата на Бундес лигата.

„Ние во Лајпциг не сме вознемирени бидејќи од УЕФА не сме добиле никакви информации. Нема причина да не настапуваме во ЛШ, само треба да се избориме“, изјави извршниот директор Оливер Минтцлаф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...