Реал Мадрид го запиша вториот пораз сезонава во Примера и си ја закомпликува трката по шампионската титула. „Кралскиот клуб“ изгуби на гостувањето кај Валенсија со 2:1 во одложен меч што е трет неуспех по ред на гостувањата на Местаља. Разликата со второпласираната Барселона изнесува еден бод, а Реал има уште еден меч за доигрување.
Валенсија која сезонава е вон ритам успеа да ја скрши одбраната на Реал уште на стартот на мечот. Во период од пет минути преку головите на Симоне Заза и Фабијан Орељана направи предност од 2:0. Пред крајот на полувремето Роналдо постигнува гол за надеж на мадридскиот тим меѓутоа и покрај жестокиот притисок во второто полувреме не ја затресоа мрежата. Играчите на Валенсија освоија драгоцени трите бода во трката за опстанок.
ВАЛЕНСИЈА - РЕАЛ 2:1
Заза 4’, Орељана 9’ - Роналдо 44’
ТАБЕЛА
1. Реал М. 22 16 4 2 57:20 52
2. Барселона 23 15 6 2 63:19 51
3. Севиља 23 15 4 4 46:28 49
4. Атлетико М. 23 13 6 4 43:19 45
5. Р. Сосиедад 23 13 2 8 36:32 41
6. Виљареал 23 10 9 4 30:15 39
7. Еибар 23 10 5 8 36:31 35
8. Атлетик Б. 23 10 5 8 28:28 35
9. Селта Виго 22 10 3 9 36:36 33
10. Еспањол 23 8 8 7 10:31 32
11. Алавес 23 7 9 7 22:28 30
12. Лас Палмас 23 7 7 9 32:35 28
13. Малага 23 6 8 9 31:37 26
14. Валенсија 23 7 5 11 33:41 26
15. Бетис 22 6 6 10 22:34 24
16. Ла Коруња 22 4 7 11 26:35 19
17. Леганес 23 4 6 13 16:39 18
18. Сп. Хихон 23 4 4 15 25:47 16
19. Гранада 23 3 7 13 21:49 16
20. Осасуна 23 1 7 15 24:52 10