Перфектен Баерн на 1000. меч на Анчелоти

Фудбалерите на Баерн Минхен го демолираа Хамбургер на Алијанц арената со резултат 8:0 и така ја продолжија лудата серија против оваа екипа. „Баварците“ на последните седум натпревари на домашен терен против Хамбургер имаат максимален ефект со гол разлика од 44:3. Па така Баер го повтори резултатот против Хамбург од 2015 година, а да потсетиме дека во таа серија има и една победа од 9:2. Хет-трик реализира Роберт Левандовски, два гола даде Коман, а по еден Видал, Алаба и Робен.

Шампионот на Германија имаше импресивен настап во 1000. натпревар на Карло Анчелоти како тренер.

„Тоа беше перфектна победа. Игравме добро и бевме одлично поставени на теренот. Пред мечот побарав од момците дека треба да играат добро поради мојот јубилеј, меѓутоа не очекував дека нештата ќе се развиваат толку добро за нас. Игравме одлично и посакувам на следниот меч да играме така. Томас Милер беше најдобриот фудбалер на теренот иако не се запиша во листата на стрелците. Тој беше клучот на успехот. Добро се движеше и учествуваше во секоја наша акција“, изјави Анчелоти, кој ја запиша 591 победа како тренер.

Пред мечот Анчелоти од претседателот Карл-Хајнц Румениге доби признание и џиновски баварски перек.

Анчелоти ја почна тренерската кариера во Реџана во 1995 година, а ги тренираше Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид, а од минатата година е во Баерн Минхен.

И НОЈЕР СО ЈУБИЛЕЈ

Освен Анчелоти на натпреварот со Хамбургер јубилеј прослави и Мануел Нојер. На германскиот голман тоа му беше 100 бундеслигашки меч без примен гол. На него му беа потребни 183 меча за тоа постигнување поминувајќи го Оливер Рек, кој до 100 меч без примен гол стигна по 232 натпревари.

БАЕРН - ХАМБУРГЕР
ПОСЛЕДНИ СЕДУМ МЕЧА НА АЛИЈАНЦ
Баерн - Хамбургер 8:0
Баерн - Хамбургер 5:0
Баерн - Хамбургер 8:0
Баерн - Хамбургер 3:1
Баерн - Хамбургер 9:2
Баерн - Хамбургер 5:0
Баерн - Хамбургер 6:0



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...