Ибрахимовиќ донесе златни моменти за Манчестер Ј.

Манчестер Јунајтед покажа зошто го има приматот на најтрофеен тим во Англија. „Црвените ѓаволи“ и оваа сезона ќе бидат запишани како освојувачи на еден голем трофеј. Во витрините на „Олд Трафорд“ замина пехарот од Лига купот на Англија. Во големото финале на „Вембли“ во Лондон, Манчестер со 3:2 го победи Саутемптон и не дозволи изненадување.

ЗЛАТАН БЛЕСКА НАЈСЈАЈНО

Златан Ибрахимовиќ е херојот во финалето. Шведскиот ветеран ја покажа класата, постигнувајќи два погодоци за победа и радост на навивачите од Манчестер. Популарниот Ибра и на 35 години е незадржлив и клучен на големи мечеви.

Тој ја отвори, а на крајот и ја затвори серијата од пет погодоци. Златан погоди во 18. минута со прекрасен шут од слободен удар. Водството беше зголемено во 38. минута кога погоди Лингард. Иако многумина мислеа дека со овој резултат, приказната во финалето е завршена, Саутемптон не се предаде. Со двата гола на Габијадини, едниот на крајот од првото полувреме, а потоа и на стартот од второто полувреме, Саутемптон стигна до 2:2.

ГОЛ ЗА ПОБЕДА НА ТРИ МИНУТИ ПРЕД КРАЈОТ

Следуваа неизвесни 40 минути, во кои двете екипи имаа шанси да стигнат до триумф. По многу возбудувања и утки, на крајот повторно на сцена стапи Ибрахимовиќ. Златан погоди со глава во 87. минута за голема радост на црвениот дел од трибините. На крајот заслужено беше прогласен и за играч на мечот.

Швеѓанецот кој пред почетокот на сезоната дојде како слободен играч, е најдобар играч во тимот. Со овие два гола во Лига куп финалето, вкупно стигна до 26 погодоци сезонава, во сите натпреварувања.

И МУРИЊО ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА КЛУБОТ

За Манчестер ова беше вкупно петти трофеј во Лига купот, во деветтото финале. Пред „Црвените ѓаволи“ единствено се Ливерпул со осум трофеи. Тренерот на Манчестер, Жозе Мурињо, воопшто не делуваше расположено и покрај победата. Речиси и да не се радуваше на погодоците.

Мурињо стана првиот тренер на Манчестер, кој во дебитантската сезона на клупата стигнал до овој пехар. Претходно, португалскиот стратег три пати го има освоувано овој куп, но како менаџер на Челзи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...