Нов дуел на Вардар и Шкеднија, сега во полуфиналето на националниот куп

Скопје, 1 март 2017 (МИА) - Во фудбалскиот Куп на Македонија, денеска ќе се играат првите полуфинални натпревари. Оваа рунда го носи дуелот на Вардар и Шкеднија, екипите кои претендираат за двата трофеја во мак-фудбалот, шампионскиот и купот.

Актуелниот шампион и лидер на табелата во Првата лига, Вардар ја пречекува тетовска Шкендија која е бранител на трофејот од купот освен минатата сезона.

Пред три дена овие две екипи го одиграа и првенствениот дерби натпревар во кој вардарци забележаа победа со 3:1.

Натпреварот ќе се игра на националната арена „Филип Втори“ во Скопје со почеток во 14 часот.

Во вториот полуфинален меч ќе се сретнат Брегалница и Пелистер. И овие два тима пред четири дена играа меѓусебно во прволигашката конкуренција, а средбата заврши со победа на битолчани со 2:1. Средбата ќе се игра на Градскиот стадион во Штип со почеток од 17 часот.

Реванш полуфиналните средби на програмата се на 19 април, додека финалето е закажано за 17 мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...